Трендинг :

Промена на бојата на автомобилот со притискање на копче: BMW наскоро ќе воведе нова технологија

BMW ќе има големо присуство на саемот CES на почетокот на следната година, потврдија од производителот на автомобили во понеделникот. Покрај дебито на новиот електричен модел iX M60, BMW планира да претстави и голем број нови, многу интересни технологии.

Новиот iX M60 најверојатно ќе има батерија од 111,5 киловат-час и два мотори. Имајќи предвид дека iX xDrive50 веќе има 516 коњски сили, M60 би требало да биде доста моќен. Како и кај другите модели на BMW M, се очекуваат различни опции за опремата и погонот на тркалата, како и мали промени во внатрешноста.

Сепак, она што е можеби поинтересно е фактот што BMW потврди дека ќе претстави нова технологија која ќе може да ја менува (надворешната) бојата на возилото.

Производителот на автомобили вели дека оваа технологија „ја менува надворешната боја на возилото со притискање на копче“ и не зборуваат за боја што менува нијанси, туку за целосна промена. Ќе биде интересно да се види како функционира ова.

Конечно, BMW вели дека ќе претстави „најмодерно кино искуство“. Дали тоа значи способност за репродукција на филмови на екран во возило или некоја друга, поимпресивна технологија сè уште не е позната. Ќе дознаеме повеќе кога CES 2022 ќе се одржи во јануари.

Симулатор од соништата: Погледнете како професионален мото возач тренира од дома

https://www.youtube.com/watch?v=PWlfusB4qqE&ab_channel=CXCSimulations

Професионалниот мото возач Патрик Лонг има две децении искуство во најважните првенства, вклучувајќи и бројни титули.

Долго време работи како консултант и амбасадор на Porsche Cars North America, но секој ден ги тренира своите рефлекси и ја одржува кондицијата, иако повеќе не се натпреварува.

Користи специјален симулатор, развиен од CXC Simulations, дизајниран да обезбеди чувство на off-road возење во Porsche.

„Вози“ во мал стан

Комбинацијата на софтвер (Dirt Rally 2.0) и хардвер (рачен менувач, педали, волан) му овозможува на Патрик Лонг да го „почувствува“ шармот на возењето.

-Бараше начин да тренира во својот мал стан на Менхетен. Направивме симулатор со 6-брзински менувач и хидраулична рачна сопирачка - откриваат од CXC Simulations.

Компанијата со седиште во Калифорнија нуди стандарден симулатор за 63.000 долари, додека верзијата Pro чини 100.000 долари.

Вредноста се зголемува доколку сакате VR опрема, панорамски екран од 77 инчи и ретро волан. Ваквата „забава“ бара длабоки џебови, а врз основа на следното видео заклучуваме дека вреди.

Како изгледа најскапата авто-таблица во светот?

https://www.youtube.com/watch?v=4sVfIuEaoFI&t&ab_channel=Fipeux

Lamborghini Aventador SVJ Roaster е еден од најексклузивните суперспортски автомобили на патиштата, но дури и со цена од околу 390.000 евра тешко може да се спореди со износот наменет за нејзината регистарска табличка.

Сопственикот за табилцата платил ниту повеќе ниту помалку, туку 10 милиони евра на аукција!

Веројатно најскапата таблица во светот доаѓа од Катар, и ја има трицифрената бројка 123.

Ламборџини со оваа регистрација е снимено во Монако, каде редовно „парадираат“ најексклузивните и најскапите автомобили во светот.

За потсетување, Aventador SVJ Roaster користи 6,5-литарски V12 мотор со 770 КС и 720 Nm кој го стартува автомобилот до 100 km / h за 2,9 секунди и може да достигне до максимални 350 km / h.

 

Како ќе изгледа BMW X8

Во пресрет на новиот модел на SUV BMW, фановите на баварскиот производител на автомобили шпекулираат како може да изгледа X8.

На чело водат независни дизајнери, кои врз основа на „шпионски“ фотографии од маскирани прототипови се обидуваат да ги склопат коцките и да ни го покажат изгледот на моделот што BMW се уште го крие од јавноста.

Mangus.Concepts е одговорен за еден таков обид, објавувајќи шпекулативни слики од BMW X8 на својот профил на Инстаграм.

Она што речиси сигурно е многу упадливо се разделените фарови. Наводно, истиот рецепт ќе се применува и за новата серија 7.

Има голема истакната предна маска. Детал што се издвојува од опсегот на претходната понуда секако е аспираторот со испакнатини што ја следат споменатата маска.

Изведбата на задниот дел на возилото е нешто помалку драматична, со поголеми LED стоп светла со хоризонтална ориентација што се протегаат до продолжените браници.

Инаку, неофицијалните информации велат дека X8 во М верзијата ќе биде најмоќното BMW што се нуди. Се споменува плагин-хибридната комбинација од 4,4 V8 турбо-бензинец и електричен мотор кои заедно ќе произведуваат најмалку 750 КС.

Заморот може да биде поопасен од алкохолот, еве што да направите кога ќе ви се приспие зад воланот

Најголемиот проблем со заморот е што обично се појавува во еден момент и многу брзо го совладува возачот.

Големите трагедии во сообраќајот секогаш нè наведуваат да го поставиме прашањето дали може да се избегне фатален исход.

Заморот зад воланот е сериозен проблем и сериозна опасност за возачот и неговите придружници, како и за сите други учесници во сообраќајот. Ова е особено доаѓа до израз во сезоната на празници, кога голем број возачи гледаат да поминат што е можно повеќе километри „набрзина“.

Колку може да биде опасен заморот, покажува истражувањето кое потврдува дека неговиот ефект може да биде идентичен со одреден степен на алкохолизам, ако не и поопасен. Причината за таквото тврдење лежи во фактот дека се претпоставува дека кога некој пие, тогаш се знае дека не смее да седне зад воланот.

Најголемиот проблем со заморот е што обично се појавува во еден момент и многу брзо го совладува возачот. Помалку искусните честопати мислат дека лесно можат да се справат со тоа, затоа продолжуваат да возат. И кога заморот ќе ги совлада, несреќата е неизбежна!

Некои ќе речат дека може да се реши со јако кафе или лименка со енергетски пијалок, но единствениот вистински лек за замор е - одмор! Затоа за заморот се препорачува краток сон, односно она што на англиски се нарекува „power nap“.

За да го направите ова, треба да го запрете возилото на првото место покрај патот каде што е дозволено, да го спуштите задниот дел од седиштето и да спиете 15 до 20 минути. Внимавајте да поставите аларм на часовникот или телефонот и не дозволувајте да спиете подолго од тоа!

Ова е важно за да не преминете од „ефект на краток сон“ во длабок сон, што може да биде контрапродуктивно. Откако ќе се разбудите, излезете од автомобилот и направете неколку чекори и истегнете се малку, и ќе бидете подготвени да продолжите да возите.

„Tesla“ руши рекорди во производството и испораката на електрични автомобили

Компанијата "Tesla" објави раст на профитот, и покрај недостигот на полупроводнички чипови и метежите во пристаништата што го попречуваат производството.

Продажбата се искачи на 12 милијарди долари за три месеци до крајот на јуни, наспроти 6 милијарди долари пред една година, кога се затвори фабриката во САД. Производителот на електрични автомобили соопшти дека доставил рекордни 200.000 автомобили на клиентите во истиот период и дека јавната поддршка за посакуваните автомобили е поголема од кога било, пренесува Би-Би-Си.

Компанијата, предводена од милијардерот и претприемач Елон Маск, во понеделникот објави дека профитот нагло скокнал поради големата продажба. Добивката за вторите три месеци од оваа година изнесува 1,1 милијарда долари, наспроти 104 милиони долари минатата година. Профитот се зголеми поради подобрата продажба на поевтините модели седани Model 3 и Model Y.

Во едно писмо до инвеститорите во понеделникот, Компанијата "Tesla" напиша:

- Јавното расположение и поддршката за електричните возила се чини дека се во невиден подем. Ние продолжуваме да работиме напорно за да ги намалиме трошоците и да ги зголемиме стапките на производство за да ги направиме електричните возила достапни за што повеќе луѓе.

Иднината пристигна - летечкиот автомобил го изведе првиот меѓуградски лет

Прототип 1 на летачки автомобил AirCar со мотор од БМВ и обично гориво од бензинска пумпа, го изврши првиот меѓуградски 35-минутен лет помеѓу словачките меѓународни аеродроми во Нитра и Братислава.

За разлика од eVTOL (електрични вертикални авиони за полетување и слетување), кои повеќе личат на големи беспилотни летала отколку на вистински автомобили, AirCar е автомобил - и лета.

Ова значи дека може да се користи за два вида транспорт, и на пат како автомобил и како авион.

https://www.youtube.com/watch?v=a2tDOYkFCYo

Ова возило е развиено од компанијата KleinVision и беше претставено за прв пат во 2019 година.

Прототипот 1 AirCar го направи својот прв лет кон крајот на 2020 година и оттогаш имаше 142 успешни слетувања и над 40 часа летање. Последното, 142-то слетување, се случи на 28 јуни по првото 35-минутно патување на далечина од меѓународниот аеродром Нитра до Братислава.

Професорот Стефан Клајн, пронаоѓачот на ова превозно средство и основач на компанијата KleinVision, го возеше возилото во двата режима. Кога слета во Братислава, тој „го претвори“ AirCar назад во автомобил - што вклучува процес на повлекување на крилјата и опашката, што траеше помалку од три минути - и потоа го возеше во градот.

Првиот меѓуградски лет беше извршен со возило „Прототип 1“, кое се напојува со „БМВ“ мотор со 160 коњски сили со фиксиран пропелер, а може да лета со максимална брзина од 190 километри на час.

Во соопштението за печатот од KleinVision се забележува дека прототипот достигна висина од две и пол илјади метри и дека може, под надзор на Управата за цивилно воздухопловство, да изврши стрмни вртења од 45 степени и да помине тестови за стабилност и маневрирање.

Според компанијата, овој вид на превоз ќе го преполови времето на патување од многу едноставна причина. AirCar ќе не однесе до аеродромот, каде што ќе го префрлиме во режим на лет и ќе го продолжиме патувањето.

KleinVision верува дека во иднина AirCar целосно ќе го приватизира воздушниот сообраќај, затоа што секој што ќе го поседува ќе може да вози до најблискиот аеродром и да се издигне на небото.

Како и да е, реално гледано, се чини дека патот кон таквата иднина ќе биде долг и ликвидатен и ќе вклучува сертификати, одобренија и, најверојатно, пилот-дозволи.

Прототипот AirCar 2 ќе биде модел во пред-производство и ќе има мотор со 300 коњски сили. Треба да лета со брзина од 300 километри на час и да има опсег на летање од 1.000 километри.

KleinVision се надева дека ќе може да ги добие потребните сертификати за регистрација на ова возило и како авион и како автомобил.

Компанијата планира да произведе две верзии, со две и четири седишта, а исто така се планира и модел што ќе може да плови, бидејќи единственото нешто што е подобро од автомобилот што може да лета е автомобил што лета и плови.

Czinger го претстави серискиот модел 21C со 1.250 коњски сили

Со седиште во Калифорнија Czinger Vehicles Inc. го претстави својот прв хиперавтомобил на почетокот на 2020 година, 21C. Со текот на времето беа направени подобрувања, а сега е претставена и верзија со спецификации на производството.

Czinger 21C доби голем број подобрувања во однос на моделот претставен минатата година, вклучувајќи поголема максимална брзина и ширина на автомобилот и дополнителни подобрувања во перформансите.

Автомобилот сега е широк 2.050 mm, придвижуван од хибриден систем составен од комбинација на 2.88-литарски V8 твин-турбо мотор и два електромотори, кои испорачуваат вкупно 1.250 ks. Тоа е навистина многу, особено поради фактот што автомобилот тежи 1.240 кг. Благодарение на споменатата комбинација на погон, силата се пренесува на сите четири тркала.

Czinger 21C забрзува од 0 до 100 km / h за 1,9 секунди, достигнува 300 km / h за 13,8 секунди и достигнува 400 km / h за 21,3 секунди.

Максималната брзина е зголемена од 423 на 452 км / ч, што е можно во опционалната конфигурација vmax. Автомобилот минува 402 метри за 8,1 секунда.

Czinger најави достапност на зголемување на споменатата моќност за нови 100 КС, така што таа ќе изнесува 1.350 КС.

Да речеме, исто така, автомобилот користи ултра лесен автоматски рачен менувач со седум брзини.

И покрај големата моќ, автомобилот е дизајниран да биде што е можно повеќе еколошки. Може да користи разновидни горива, вклучувајќи метанол и други е-горива за да може да се движи како возило без да емитува гасови.

Czinger планира да произведе само 80 примероци од моделот 21C.

„Бубата“ од играта Gran Turismo Sport станува реалност благодарение на тјунерите

Правењето автомобили од филмови, стрипови и видео игри е секогаш забавен проект, но ваквите возила се претежно за изложби. Сепак, тјунерите од Prior Design i JP Performance се обидоа да направат исклучок.

Тјунерите се подготвени за клиентите да направат Фолксваген Буба, легендарната Буба, од играта Gran Turismo Sport.

Пакетот модификации е подготвен со дозвола на компанијата Polyphony Digital, која стои зад играта Gran Turismo Sport, како и Volkswagen, и чини 5.950 евра.

Prior Design сакаше „екстремниот изглед на оригиналниот автомобил да го претвори во реалност“, а JP Performance има документарец за целиот процес.

Каросерискиот комплет вклучува нови лакови на тркала, прагови, браници, интегриран заден дифузер и огромен спојлер, сè што има автомобилот од играта Gran Turismo Sport во кој е познат по својата брзина и перформанси.

Пакетот ќе биде достапен во само 43 примероци.

Нема информации за перформансите, но во документарниот филм се наведува дека автомобилот се напојува со редовен мотор со пет цилиндри, веројатно превземен од „Ауди“. Во моделот RS3, овој мотор развива 394 КС.

Проектот се одвива во Камп-Линтфорт, Германија, и се чини дека сите автомобили ќе бидат распродадени наскоро.

 

Фолксваген со тизер го објави освежениот Tiguan Allspace

Фолксваген со тизер го објави освежениот Tiguan Allspace

Фолксваген објави тизер со најава за пристигнување на освежениот теренец Tiguan Allspace со седум седишта.

Технички, го видовме освежениот Tiguan минатата година, а редизајнираниот Tiguan Allspace не е значително различен. Тизерот ги открива истите задни светла, линиите на каросеријата и задната врата, додека профилот е малку поразличен бидејќи Allspace е подолг за да се ослободи простор за третиот ред на седишта.

Внатре, може да се очекуваат освежувања, нов мултифункционален волан и редизајнирана централна конзола. Инфо-забавниот систем е достапен со 8 и 10-инчни екрани на допир користејќи го напредниот систем MIB3 на Фолксваген со разни онлајн услуги.

Нови нови системи за асистенција ќе му бидат достапни на возачот како дел од пакетот Travel Assist, вклучувајќи систем за одржување лента и адаптивна контрола на патувањето. Дали ова е стандардно или опционално, останува да видиме.

Светската премиера на освежениот Tiguan Allspace ќе се одржи на 12 мај, со што ќе се комплетира целата понуда на Tiguan. Производството на поголемиот џип ќе се изврши првенствено во Мексико и ќе снабдува пазари како Северна и Јужна Америка и Европа, додека верзијата Tiguan L за Кина ќе се произведува во Шангај.

Првиот електричен пикап на Ford ќе се вика F-150 Lightning

Првиот електричен пикап на Ford ќе се вика F-150 Lightning

Ford официјално го откри името на својот прв електричен пикап.

Првиот електричен пикап на Форд ќе биде претставен на 19 мај во седиштето на компанијата во Деарборн, Мичиген, и ќе се вика F-150 Lightning.

Фордовиот Ф-150 е најпродаваниот камион и возило воопшто во САД повеќе од 40 години, па електрификацијата е навистина голема работа. Затоа компанијата ја третира презентацијата како голем настан што може да се следи во живо преку разни платформи. Исто така, планирани се 18 настани низ целата земја, вклучувајќи ги Тајмс Сквер и Лас Вегас.

Брендирањето на Lightning „протече“ дури и пред објавувањето, а тоа е веќе познато благодарение на камионите СВТ Ф-150 од раните 90-ти.

Иако ќе го видиме наскоро, Ford F-150 Lightning нема да се најде во продажба дури во 2022 година. Компанијата гради нова фабрика во Мичиген во вредност од 700 милиони долари, во која ќе се произведува F-150 Lightning.

Форд откри нови детали за моделот, вклучувајќи го и фактот дека тој ќе има конфигурации со двоен мотор, опции за помош на возачот без раце, надградби на софтвер преку воздух и многу повеќе.

F-150 PowerBoost е првата plug-in-хибридна верзија на Ford од популарната серија F.

Форд планира да инвестира 22 милијарди долари за производство на електрифицирани модели (вклучувајќи електрични модели и хибриди) до 2023 година.

Дали и Citroën крева раце од дизел мотори

Иако сè уште не е официјално потврдено, постојат големи шанси „Цитроен“ наскоро да се приклучи на автомобилските компании кои се откажаа од дизел моторите.

Додека некои тврдат дека скандалот со Фолксваген „Дизелгејт“ е виновен за сè, други велат дека општата електрификација е виновна за намалената популарност на дизел моторите во патничките автомобили.

Сепак, Citroën е меѓу последните автомобилски компании кои се откажаа од дизел погонски решенија, а знаците на крајот дојдоа со неодамна претставениот модел C5 X, кој на европските клиенти им се нуди само во комбинација со бензински мотори и хибриден погон, дел од кој (повторно) е само бензински мотор.

Не им се допаѓаа на дизелите и првиот човек на француската компанија под покровителство на групацијата ПСА Винсент Кобе, кој во последните изјави за печатот рече дека застапеноста на моделите на Цитроен кои се напојуваат со дизел мотори е драстично помала од пред пет години, а надолниот тренд продолжува.

Без инвестирање во развој на нови опции за дизел погон, Citroën ќе продолжи да ги нуди своите (одлични) BlueHDI дизел мотори во неколку модели уште некое време, по што очигледно ќе се приклучи на растечката компанија чиишто автомобили се напојуваат само со бензин и електрична енергија .

За љубителите на дизелот е утешно тоа што Мерцедес, БМВ, Ауди, Фолксваген и неколку други автомобилски компании сметаат дека времето на дизел моторите не поминало.