Estrema Fulmine е ограничен, целосно електричен италијански хиперавтомобил со четири електрични мотори и погон на сите тркала, што развива повеќе од 2.000 коњски сили.
Fulmine е производ на новата италијанска компанија наречена Автомобили Естрема, а првите испораки на внимателно избрани клиенти се очекуваат во втората половина на 2023 година.
Она што Fulmine го издвојува од другите повеќемилионски електрични автомобили како што се Lotus Evia, Rimac CTwo и Pininfarina Battista е фактот дека ќе се користи комбинација на литиум-јонска батерија произведена од Avesta Battery Energy Engineering и ултракондензатор со вкупен капацитет од 100 kWh која ќе има домет и до 520 километри.
Батеријата ќе биде сместена во јаглеродна обвивка зад двете седишта, и ултракондензатори на предната оска за да може најдобро да се искористи регенеративното сопирање.
Естрема ветува и забрзување од 0 до 322 км на час за помалку од 10 секунди и има намера да произведе само 61 примерок.