Првиот електричен пикап на Ford ќе се вика F-150 Lightning
Ford официјално го откри името на својот прв електричен пикап.
Првиот електричен пикап на Форд ќе биде претставен на 19 мај во седиштето на компанијата во Деарборн, Мичиген, и ќе се вика F-150 Lightning.
Фордовиот Ф-150 е најпродаваниот камион и возило воопшто во САД повеќе од 40 години, па електрификацијата е навистина голема работа. Затоа компанијата ја третира презентацијата како голем настан што може да се следи во живо преку разни платформи. Исто така, планирани се 18 настани низ целата земја, вклучувајќи ги Тајмс Сквер и Лас Вегас.
Брендирањето на Lightning „протече“ дури и пред објавувањето, а тоа е веќе познато благодарение на камионите СВТ Ф-150 од раните 90-ти.
Иако ќе го видиме наскоро, Ford F-150 Lightning нема да се најде во продажба дури во 2022 година. Компанијата гради нова фабрика во Мичиген во вредност од 700 милиони долари, во која ќе се произведува F-150 Lightning.
Форд откри нови детали за моделот, вклучувајќи го и фактот дека тој ќе има конфигурации со двоен мотор, опции за помош на возачот без раце, надградби на софтвер преку воздух и многу повеќе.
F-150 PowerBoost е првата plug-in-хибридна верзија на Ford од популарната серија F.
Форд планира да инвестира 22 милијарди долари за производство на електрифицирани модели (вклучувајќи електрични модели и хибриди) до 2023 година.