„Бубата“ од играта Gran Turismo Sport станува реалност благодарение на тјунерите

Фото: motor1

Правењето автомобили од филмови, стрипови и видео игри е секогаш забавен проект, но ваквите возила се претежно за изложби. Сепак, тјунерите од Prior Design i JP Performance се обидоа да направат исклучок.

Тјунерите се подготвени за клиентите да направат Фолксваген Буба, легендарната Буба, од играта Gran Turismo Sport.

Пакетот модификации е подготвен со дозвола на компанијата Polyphony Digital, која стои зад играта Gran Turismo Sport, како и Volkswagen, и чини 5.950 евра.

Prior Design сакаше „екстремниот изглед на оригиналниот автомобил да го претвори во реалност“, а JP Performance има документарец за целиот процес.

Каросерискиот комплет вклучува нови лакови на тркала, прагови, браници, интегриран заден дифузер и огромен спојлер, сè што има автомобилот од играта Gran Turismo Sport во кој е познат по својата брзина и перформанси.

Пакетот ќе биде достапен во само 43 примероци.

Нема информации за перформансите, но во документарниот филм се наведува дека автомобилот се напојува со редовен мотор со пет цилиндри, веројатно превземен од „Ауди“. Во моделот RS3, овој мотор развива 394 КС.

Проектот се одвива во Камп-Линтфорт, Германија, и се чини дека сите автомобили ќе бидат распродадени наскоро.

https://www.youtube.com/watch?v=yn3NXfgOnW8

Фото: motor1