Иднината пристигна - летечкиот автомобил го изведе првиот меѓуградски лет

Фото: Screenshot / YouTube

Прототип 1 на летачки автомобил AirCar со мотор од БМВ и обично гориво од бензинска пумпа, го изврши првиот меѓуградски 35-минутен лет помеѓу словачките меѓународни аеродроми во Нитра и Братислава.

За разлика од eVTOL (електрични вертикални авиони за полетување и слетување), кои повеќе личат на големи беспилотни летала отколку на вистински автомобили, AirCar е автомобил - и лета.

Ова значи дека може да се користи за два вида транспорт, и на пат како автомобил и како авион.

Ова возило е развиено од компанијата KleinVision и беше претставено за прв пат во 2019 година.

Прототипот 1 AirCar го направи својот прв лет кон крајот на 2020 година и оттогаш имаше 142 успешни слетувања и над 40 часа летање. Последното, 142-то слетување, се случи на 28 јуни по првото 35-минутно патување на далечина од меѓународниот аеродром Нитра до Братислава.

Професорот Стефан Клајн, пронаоѓачот на ова превозно средство и основач на компанијата KleinVision, го возеше возилото во двата режима. Кога слета во Братислава, тој „го претвори“ AirCar назад во автомобил - што вклучува процес на повлекување на крилјата и опашката, што траеше помалку од три минути - и потоа го возеше во градот.

Првиот меѓуградски лет беше извршен со возило „Прототип 1“, кое се напојува со „БМВ“ мотор со 160 коњски сили со фиксиран пропелер, а може да лета со максимална брзина од 190 километри на час.

Во соопштението за печатот од KleinVision се забележува дека прототипот достигна висина од две и пол илјади метри и дека може, под надзор на Управата за цивилно воздухопловство, да изврши стрмни вртења од 45 степени и да помине тестови за стабилност и маневрирање.

Според компанијата, овој вид на превоз ќе го преполови времето на патување од многу едноставна причина. AirCar ќе не однесе до аеродромот, каде што ќе го префрлиме во режим на лет и ќе го продолжиме патувањето.

KleinVision верува дека во иднина AirCar целосно ќе го приватизира воздушниот сообраќај, затоа што секој што ќе го поседува ќе може да вози до најблискиот аеродром и да се издигне на небото.

Како и да е, реално гледано, се чини дека патот кон таквата иднина ќе биде долг и ликвидатен и ќе вклучува сертификати, одобренија и, најверојатно, пилот-дозволи.

Прототипот AirCar 2 ќе биде модел во пред-производство и ќе има мотор со 300 коњски сили. Треба да лета со брзина од 300 километри на час и да има опсег на летање од 1.000 километри.

KleinVision се надева дека ќе може да ги добие потребните сертификати за регистрација на ова возило и како авион и како автомобил.

Компанијата планира да произведе две верзии, со две и четири седишта, а исто така се планира и модел што ќе може да плови, бидејќи единственото нешто што е подобро од автомобилот што може да лета е автомобил што лета и плови.