Промена на бојата на автомобилот со притискање на копче: BMW наскоро ќе воведе нова технологија

BMW ќе има големо присуство на саемот CES на почетокот на следната година, потврдија од производителот на автомобили во понеделникот. Покрај дебито на новиот електричен модел iX M60, BMW планира да претстави и голем број нови, многу интересни технологии.
Новиот iX M60 најверојатно ќе има батерија од 111,5 киловат-час и два мотори. Имајќи предвид дека iX xDrive50 веќе има 516 коњски сили, M60 би требало да биде доста моќен. Како и кај другите модели на BMW M, се очекуваат различни опции за опремата и погонот на тркалата, како и мали промени во внатрешноста.
Сепак, она што е можеби поинтересно е фактот што BMW потврди дека ќе претстави нова технологија која ќе може да ја менува (надворешната) бојата на возилото.
Производителот на автомобили вели дека оваа технологија „ја менува надворешната боја на возилото со притискање на копче“ и не зборуваат за боја што менува нијанси, туку за целосна промена. Ќе биде интересно да се види како функционира ова.
Конечно, BMW вели дека ќе претстави „најмодерно кино искуство“. Дали тоа значи способност за репродукција на филмови на екран во возило или некоја друга, поимпресивна технологија сè уште не е позната. Ќе дознаеме повеќе кога CES 2022 ќе се одржи во јануари.