Симулатор од соништата: Погледнете како професионален мото возач тренира од дома

Професионалниот мото возач Патрик Лонг има две децении искуство во најважните првенства, вклучувајќи и бројни титули.

Долго време работи како консултант и амбасадор на Porsche Cars North America, но секој ден ги тренира своите рефлекси и ја одржува кондицијата, иако повеќе не се натпреварува.

Користи специјален симулатор, развиен од CXC Simulations, дизајниран да обезбеди чувство на off-road возење во Porsche.

„Вози“ во мал стан

Комбинацијата на софтвер (Dirt Rally 2.0) и хардвер (рачен менувач, педали, волан) му овозможува на Патрик Лонг да го „почувствува“ шармот на возењето.

-Бараше начин да тренира во својот мал стан на Менхетен. Направивме симулатор со 6-брзински менувач и хидраулична рачна сопирачка - откриваат од CXC Simulations.

Компанијата со седиште во Калифорнија нуди стандарден симулатор за 63.000 долари, додека верзијата Pro чини 100.000 долари.

Вредноста се зголемува доколку сакате VR опрема, панорамски екран од 77 инчи и ретро волан. Ваквата „забава“ бара длабоки џебови, а врз основа на следното видео заклучуваме дека вреди.