„Tesla“ руши рекорди во производството и испораката на електрични автомобили
Компанијата "Tesla" објави раст на профитот, и покрај недостигот на полупроводнички чипови и метежите во пристаништата што го попречуваат производството.
Продажбата се искачи на 12 милијарди долари за три месеци до крајот на јуни, наспроти 6 милијарди долари пред една година, кога се затвори фабриката во САД. Производителот на електрични автомобили соопшти дека доставил рекордни 200.000 автомобили на клиентите во истиот период и дека јавната поддршка за посакуваните автомобили е поголема од кога било, пренесува Би-Би-Си.
Компанијата, предводена од милијардерот и претприемач Елон Маск, во понеделникот објави дека профитот нагло скокнал поради големата продажба. Добивката за вторите три месеци од оваа година изнесува 1,1 милијарда долари, наспроти 104 милиони долари минатата година. Профитот се зголеми поради подобрата продажба на поевтините модели седани Model 3 и Model Y.
Во едно писмо до инвеститорите во понеделникот, Компанијата "Tesla" напиша:
- Јавното расположение и поддршката за електричните возила се чини дека се во невиден подем. Ние продолжуваме да работиме напорно за да ги намалиме трошоците и да ги зголемиме стапките на производство за да ги направиме електричните возила достапни за што повеќе луѓе.