Британец треба да плати 571 милиони долари за кражба на биткоин

Британец треба да плати 571 милиони долари за кражба на биткоин

Бенџамин Рејнолдс, британски државјанин е обвинет за измама во која доби над 20.000 биткоини. Рејнолдс доби парична казна од 429 милиони УСД и скоро 143 милиони УСД како поврат по наредба од федералниот суд во Менхетен, пренесува Блумберг.

Имено, Државната комисија за тргување со стоки (CFTC) во тужбата наведува дека Рејнолдс, од мај до октомври 2017 година, барал биткоини од луѓето при што им кажува дека ќе ги тргува во нивно име за да ги зголеми нивните профити. Измамата ја наседнале над 1.000 луѓе ширум светот, така што Рејнолдс добил околу 143 милиони долари биткоини, што секако не тргувал со нив туку си ги присвоил за себе.

Американските власти не знаат каде е Рејнолдс и се тврди дека тој не одговорил на тужбата. Жртвите на измамата се предупредуваат однапред дека наредбите за враќање на штетата не можат да резултираат со враќање на украдени пари, бидејќи обвинетите можеби немаат доволно средства за плаќање.