Британската полиција заплени 294 милиони фунти во криптовалути

Фото: Ilustration

Британската полиција има полни раце работа со криминалци кои сè повеќе користат криптовалути за нелегални цели, па по големата истрага, тие запленија вкупно 294 милиони фунти во досега непознати криптовалути.

Имено, првата акција се случи на 24 јуни, кога беа запленети 180 милиони фунти, додека најновите вести за рекордната заплена пристигнаа од седиштето на лондонската полиција овој вторник, каде беше речено дека успеале да запленат уште 114 милиони фунти во криптовалути .

„Додека крипто парите остануваат столб во светот на криминалот, со развојот на дигитални платформи, сè повеќе гледаме дека организирани криминалци користат криптовалути за да ги перат своите валкани пари“, рече Греам МекНолти, заменик-помошник комесар на полициската метропола.

Како дел од оваа истрага, уапсена е и 39-годишна жена осомничена за учество во перење пари, пишува Ројтерс.

„Денешната заплена е уште една важна знаменитост во оваа истрага што ќе продолжи се додека не ги најдеме оние кои беа во центарот на оваа операција за перење пари“, заклучи детективот Џо Рајан.