Цената на Биткоинот повторно расте, пазарот за криптовалути се стабилизира по бурната недела
Најпопуларните крипто-валути во светот повторно се стабилни, откако пазарот на крипто-валути помина низ турбулентна недела на „корекција“ на цените.
Биткоин, најпознатата криптовалута во светот, утрово се тргува по цена од 37.177 долари, што е раст од околу 0,79 проценти, покажуваат податоците на страницата Коиндеск. Пазарната капитализација исто така се опорави и моментално изнесува околу 697,16 милијарди долари. Втората најпопуларна криптовалута во светот, Еthereum порасна нешто повеќе од 1 процент во последните 24 часа и се тргува по цена од 2.677 долари. Остатокот од пазарот е претежно зелен од утрово, што укажува дека состојбата се стабилизира, што значи дека се врати довербата на инвеститорите.