Дали знаете кога ќе се „ископа“ последниот биткоин?

Фото: pixabay

Рударите на криптовалути досега имаат „ископано“ 90 проценти од достапните биткоини или 18,89 милиони од можни 21 милион.

Првиот биткоин е „ископан“ во јануари 2009 година, а експертите проценуваат дека последниот ќе биде „ископан“ во 2140 година, пишува Blockchain.

Цената на биткоинот драстично се промени во последните 12 години. Првично, еден биткоин вредел 0,1 долари. Во декември 2012 година, кога беа „ископани 50 отсто од достапните биткоини“, неговата цена беше 7,5 долари.

Последната цена што ја достигна беше 48.746 долари, што е пад за 28 отсто во однос на највисоката вредност, 69.000 долари, која беше постигната на почетокот на годинава.

Процесот на создавање биткоин, познат како рударство или „ископување“, се изведува со помош на софистицирана компјутерска опрема која решава милиони исклучително сложени задачи, а како „награда“ се добива биткоин.

За секој блок што ќе успеат да го ископаат, Рударите моментално добиваат 6,25 биткоини, а се проценува дека тоа ќе се намали на 3,125 во следните две години.

Сепак, не се очекува сите 21 милион биткоини да бидат достапни на слободниот пазар. Околу 3,7 милиони биткоини „исчезнаа“ поради различни причини, вклучително и губење на приватни клучеви од паричници со криптовалути или смрт на сопственикот. Наводно, милион биткоини поседува мистериозниот креатор на оваа криптовалута, познат под псевдонимот Сатоши Накамото.

Ова не е финансиски совет, претставуваме поглед на моменталната состојба на пазарот. Вие сте одговорни за сопствените инвестиции! Порталот Palavko.com и авторите на статијата не се одговорни, директно или индиректно, за какви било загуби направени во врска со содржината на овој напис.