Каков Пад: Скоро 100 милијарди долари избришани за еден ден

Според coinmarketcap, околу 98 милијарди долари се избришани од целиот крипто пазар за 24 часа до утрово, пренесува CNBC.
Биткоинот падна за повеќе од 6,0 проценти на 29.800 американски долари, Etherium потона скоро 9,0 проценти, додека XRP се симна скоро за 10 проценти, покажуваат податоците од платформата coindesk.
До пад на Биткоинот дојде по големата распродажба на глобалните берзи.
Од средината на април годинава, кога достигна вредност од скоро 65 000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти.
Постои загриженост за квалитетот и силата на економското закрепнување, што предизвика голема распродажба на глобалните пазари на капитал и пад на вредноста на ризичните средства, објаснува Анабел Хуанг, партнер во компанијата Amber Group за финансиски услуги и тргување со криптовалути.
„Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го спушти крипто пазарот“, додаде таа.
Ова не е финансиски совет, претставуваме поглед на моменталната состојба на пазарот. Вие сте одговорни за сопствените инвестиции! Порталот Palavko.com и авторите на статијата не се одговорни, директно или индиректно, за какви било загуби направени во врска со содржината на овој напис.