„Потсетува на раните денови на Интернетот“; Виртуелните пари се голем дел од иднината на социјалните мрежи

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, им потврди на инвеститорите дека биткоинот ќе биде голем дел од иднината на компанијата.
Дорси гледа многу можности за интегрирање на криптовалутата во постојните производи и услуги на Твитер, вклучувајќи трговија и претплати, но како точно тие виртуелни пари ќе бидат вклучени на неговата платформа не е разјаснето.
Водечкиот човек на Твитер веќе неколку пати јавно ја најавуваше криптовалутата, велејќи дека таа го потсетува на „раните денови на Интернетот“ и дека нема ништо поважно во неговиот живот на кое би сакал да работи.
Дорси, заедно со раперот и инвеститор Џеј Зи, започна фонд за биткоин во вредност од 23,6 милиони долари. Патем, Џеј Зи активно размислува за начини на кои блокчејн технологиите и криптовалутите можат да ја променат музичката индустрија. Притоа, тој ја има целосната поддршка од Дорси.
Џек Дорси исто така истакна дека Твитер нема да биде сам во спроведувањето на крипто стратегијата, истакнувајќи дека Фејсбук ја поддржува дигиталната валута Дием.
За време на пандемијата, Твитер оствари големи профити, забележувајќи го најбрзиот раст на приходите од 2014 година.
Во Европската унија тие се многу повнимателни кога станува збор за виртуелни пари. Директивата предложена од Европскиот парламент во 2018 година е дизајнирана да спречи употреба на финансискиот систем за финансирање на криминални активности и да се зголеми транспарентноста со цел да се спречи перење пари од големи размери. Според овие правила, мора да се знае кој ги поседува виртуелните валути, што ја запира анонимноста на трговијата.
Сопствениците на дигитални валути треба да ја претворат вредноста во евра при купување на европскиот пазар, со што тие пари ќе ги внесат во системот.
Ова не е финансиски совет, претставуваме поглед на моменталната состојба на пазарот. Вие сте одговорни за сопствените инвестиции! Порталот Palavko.com и авторите на статијата не се одговорни, директно или индиректно, за какви било загуби направени во врска со содржината на овој напис.