Прегазени со ваљак - една земја вака се реши од нелегалните компјутери за "копање" на биткоин
Малезиската влада донесе одлука да се ослободи од 1.069 нелегални биткоини на интересен начин.
Компјутерите кои се извор на нелегални 1.069 биткоини завршија неславно - сите беа прегазени од ваљак, според одлуката на малезиската влада.
Според малезискиот „The Star“, осум лица биле уапсени и осудени за кражба на електрична енергија со цел да „ископаат“ 1.069 биткоини.
Полицијата ги конфискувала компјутерите со кои се вршело нелегално „минирање“, а кога тоа ќе се пресмета во украдена електрична енергија тие за три месеци им нанеле штета од дури 2.000.000 долари.
На сите во Светот им е интересна одлуката на малезиската влада која се одлучи да ги прегази компјутери со ваљак, иако имаше илјада други начини да се ослободат од овие компјутери или едноставно да ги искористат за нешто друго.
Ситуацијата околу биткоинот во Малезија не е нова, бидејќи во март еден маж со кражба на струја потрошил 2,2 милиони долари електрична енергија. Тој се уште е во бегство и сè уште не е уапсен.