Се продава првата СМС порака во светот

Британската телекомуникациска групација Водафон ќе ја понуди првата СМС во светот на онлајн аукција.
Имено, тие решиле на аукцијата да постават СМС порака која била испратена во 1992 година и во која се честита Божиќ.
Според странските медиуми, купувачот на таканаречениот NFT (незаменлив токен) ќе добие единствена реплика на оригиналниот протокол за комуникација.
Водафон ги донира средствата за помош на раселените лица, поточно - средствата ќе бидат насочени кон Обединетите нации.
СМС со натпис „Среќен Божиќ“ е испратена на 3 декември 1992 година и ја примил Ричард Џарвис, вработен во компанијата во тоа време.
Учесниците на аукцијата ќе можат да поднесат понуди користејќи ја криптовалутата ethereum (ETH), а најголемата понуда ќе донесе некому ексклузивна сопственост на протоколот за комуникација што се користи за пренос на првата СМС во светот.