Фејсбук Месинџер добива три нови опции

Фото: Chesnot/Getty Images

Најважната опција е брз одговор, што ќе им олесни на корисниците брзо да одговорат на мултимедијалната содржина што ја добиваат од друг корисник преку порака на Messenger.

Кога ќе добиете фотографија или видео, на дното ќе се појави брз одговор, преку кој ќе можете веднаш да одговорите, без да го напуштите прегледникот на медиумите и да се вратите на разговорот.

Исто така, корисниците ќе добијат три нови теми за Messenger - темата „Sour“ од новиот албум на Оливија Родриго, темата Fast and Furios и темата поврзана со Светскиот ден на океанот.

И последи се QR-кодови и врски за плаќање, кои првично ќе бидат достапни само за корисниците во САД.