Фејсбук подготвува паметен часовник со две камери

Фото: neowin

Фејсбук го развива својот прв паметен часовник, кој ќе се појави летото 2022 година.

Паметниот часовник ќе има две камери и ќе може да се оддели од нараквицата за да фотографира и да прави клипови, а потоа да споделува преку апликации на Фејсбук вклучувајќи го и Инстаграм.

Камерата од предниот дел на часовникот е првенствено наменета за остварување видео повици, додека задната камера со автоматско фокусирање (1.080p) може да се користи за снимање кога е одвоена од футролата на зглоб изработен од не'рѓосувачки челик. Фејсбук исто така сака другите компании да прават додатоци за поврзување на фотоапаратот со разни работи.

Идејата е да ги мотивираме корисниците да користат паметни часовници, како и паметни телефони, и сето тоа е дел од планот на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, да произведе повеќе уреди кои ги „заобиколуваат“ „Apple“ и „google“, две доминантни мобилни платформи кои во голема мерка ја контролираат можноста на Фејсбук да допре до луѓето.

„Apple“ агресивно се позиционираше како заштитник на приватноста ограничувајќи ги различните типови на податоци што ги собираат апликациите како „Facebook“, додека „Facebook“ е врзан за разни скандали поврзани со употребата на корисничките податоци.

Часовникот ќе биде достапен следната година во бела, црна и златна боја и ќе чини околу 400 долари.