Инстаграм ја зголеми должината на Reels клиповите
Социјалната мрежа Инстаграм двојно ја зголеми претходната должина на клипови наречени Reels.
Корисниците на Instagram Reels сега можат да снимаат и објавуваат клип долг до 60 секунди, додека претходно должината беше ограничена на 30 секунди. Да потсетиме, Instagram Reels на својот почеток, односно пред скоро една година, беше само 15 секунди.
Јасно е дека Instagram со своите потези сака да создаде повеќе „простор“ за креаторите на содржини.
ТикТок ја зголеми должината на клиповите од една на три минути малку порано, што им даде поголема слобода на креаторите. Оваа должина на клипови е особено корисна за клиповите со кулинарски вештини, како и за раскажување приказни.