Измамниците на социјалните мрежи украле најмалку 770 милиони долари во 2021 година

Измамите кои потекнуваат од социјалните мрежи се во пораст, а измамниците успеале да украдат стотици милиони долари.
Минатата година беше „успешна“ за измамниците на социјалните мрежи, а според FTC повеќе од 95.000 луѓе изгубиле вкупно 770 милиони долари поради измамниците кои ги пронашле и измамиле. Тоа е двојно повеќе од 258 милиони долари украдени од измамници во 2020 година.
Во извештајот на FTC не е наведено зошто имало толку големо зголемување во 2021 година, но се вели дека бројот на пријавени измами значително се зголемил во последните пет години. Исто така, има огромен пораст на измамите поврзани со „лажни инвестиции во криптовалути“, а 285 милиони долари одат на овие инвестициски измами, речиси една третина од вкупниот износ од 770 милиони долари.
Зголемени се и „романтичните“ измами.
„Измамите обично започнуваат кога на корисникот му се јавува навидум пријателска личност, по што следи пријатен разговор, а потоа барање пари“, велат од FTC. Доминира и измамата поврзана со онлајн купувањето, а најмногу се работи за „недоставени производи“ кои се купени врз основа на рекламирање на социјалните мрежи.
Фејсбук и Инстаграм се единствените платформи наведени во извештајот.
„Повеќе од една третина од луѓето кои биле измамени од онлајн романси во 2021 година тврдат дека се започнало на Фејсбук и Инстаграм“, открива ФТЦ.
Овие две платформи се исто така најчестото место на измама поврзана со неиспорачана купена стока и сочинуваат девет од десет извештаи кои се наведени од измамените корисници.
„Направивме значителни подобрувања за борба против таквите измами и злоупотреби. Одиме дури подалеку од суспендирање и бришење профили, страници и реклами. Преземаме правни мерки против одговорните и секогаш ги охрабруваме луѓето да пријават такво однесување кога ќе го забележат тоа. се вели во соопштението на Мета (Фејсбук и Инстаграм).
На корисниците им се препорачува да ги „заклучуваат“ своите профили и да внимаваат во случај на барања за пари, особено кога станува збор за ваучери за криптовалути или подароци.