Марк Цукерберг го лансираше Horizon Worlds: Добредојдовте во МЕТАВЕРСУМ, влезот е бесплатен
По две години работа, Мета (поранешен Фејсбук) официјално го лансираше метаверсот Horizon Worlds.
Ова не е конечната визија, неодамна претставена од извршниот директор Марк Цукерберг.
Ова е само првиот чекор во амбициозниот план, а вклучува корисници од САД и Канада. Доколку се возрасни, заинтересираните можат да ја вклучат својата опрема за VR (Oculus) и да зачекорат во виртуелниот свет.
Дигиталните светови се развиваат со неверојатна брзина и носат нови трендови, особено кога станува збор за купување на NFT токени.
Horizon Worlds ви овозможува да креирате уникатен аватар и да го истражувате виртуелниот свет сами или со пријателите - од удобноста на вашиот дом.
Можете да присуствувате на деловни состаноци, или да вечерате со семејството во најлуксузните ресторани, без да се мрдате од каучот.
Новиот метаверс се состои од неколку светови, вклучително и ретро (аркадна) платформа Pixel Plummet и Wand & Broom, каде што летате на магична метла!