Повеќе од 1.800 дронови беа искористени за светлосно шоу за време на отворањето на Олимписките игри во Токио
Иако немаше многу луѓе на стадионот, церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио беше навистина спектакуларна.
Церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио траеше неколку часа, а дел од тоа беше и светлосна претстава организирана со употреба на 1.824 беспилотни летала.
Беспилотни летала беа користени за претворање на логото на Олимписките игри во ротирачки свет.
Претходно беспилотните летала биле користени на слични начини, а пример е Super Bowl 2017 кога 300 беспилотни летала го формирале американското знаме.
Сепак, технички, бројот на беспилотни летала што се користат во Токио не е рекорден, бидејќи таа титула му припаѓа на автомобилската марка Хјундаи. Во Шангај, Кина, за време на светлосното шоу беа користени 3.281 беспилотни летала.