YouTube Shorts, конкурентот на TikTok, е претставен на глобално ниво во повеќе од 100 земји

Фото: unsplash

Конкурентот на TikTok, краткиот видео формат YouTube Shorts, е претставен на глобално ниво, а сега корисниците на YouTube можат да го користат овој нов видео сервис, услугата на компанијата е достапна скоро насекаде во светот.

Услугата YouTube Shorts за првпат беше лансирана во Индија минатата година, пред да се прошири во околу 26 земји, вклучувајќи ги Соединетите држави и Велика Британија. YouTube Shorts кои сè уште се во бета фаза, сега ќе бидат достапни „во повеќе од 100 земји низ светот каде што е достапен и YouTube“.

YouTube Shorts се обидува да го стигне TikTok за да стане првиот избор за корисниците ширум светот кога станува збор за кратки видеа. Сега фокусот за проширувањето на YouTube е токму на видеото „Shorts“ и неодамна ја додаде можноста креаторите на „YouTube Shorts“ да земаат парчиња звук од подолгите видеа на YouTube. Исто така, се наведува дека се испитуваат начини на кои врските од кратките клипови водат до видеа на YouTube од кои се земени делови од музиката во позадината.

Додека YouTube се обидува да го имитира форматот на TikTok, TikTok експериментира со формати што се поблиску до традиционалниот фокус на YouTube. Неодамна TikTok ја зголеми тројно својата максимална должина на видеото до три минути за секого и полека воведува апликации на ТВ-платформите како што се Android TV и Fire TV.