Huawei HarmonyOS пристигнува на 2 јуни

Фото: gizchina

Во последно време има многу официјални и неофицијални информации за оперативниот систем Huawei’s HarmonyOS, а сега е познато дека ќе биде претставен на 2 јуни.

Барем така тврдат изворите кои ја открија веста за HuaweiCentral, а беше објавен и промотивен постер поврзан со настанот.

Два нови уреди ќе бидат претставени на истиот настан, а тоа се Huawei MatePad Pro 2 и Huawei Watch 3, кои доаѓаат делумно да помогнат во лансирање на подобрена верзија на оперативниот систем, што е технички HarmonyOS 2.0.

Сè добро се вклопува во претходните гласини, а постарите уреди вклучувајќи ја и серијата Huawei Mate 40 ќе се приклучат на програмата HarmonyOS 2.0.

Како што е познато, HarmonyOS е веќе присутен и се користи за некои IoT и ТВ уреди, но сега доаѓа на мобилните телефони и таблетите како вистински ривал на Android развиен од Google.

Уште откако Америка воведе санкции и забрани деловна активност помеѓу Huawei и американски компании како Google, уредите како Huawei P40 пристигнаа со „гола верзија“ на Android без никакви апликации на Google и Google Play Store.

Овие недостатоци на софтверот беа хендикеп за одличен хардвер, но HuaweiOS 2.0 треба да означи почеток на ново поглавје во приказната на Huawei, дури и ако достапноста на апликацијата продолжи да биде проблем сè додека Huawei не ги убеди големите програмери да ги префрлат своите апликации во новиот ОС.

https://www.youtube.com/watch?v=NKBXq1q6chQ&t=12s