Нови функции на IOS 14.6 на Apple
Apple го лансираше iOS 14.6 за сите компатибилни уреди, и иако не е голема надградба, сепак носи значајни нови функции.
Можеби највпечатлива е претплатите на „Епл Подкаст“, која овозможува пристап до платени претплати за специфични подкасти, отклучува разни опции како што се слушање без реклами, пристап до ексклузивна содржина и ран пристап до содржина.
Голем број компании веќе имаат услуга за претплата, вклучително и NPR, Los Angeles Times, Tenderfoot TV, Sony Music Entertainment и многу други.
Ново е и семејството на Apple Card, што им овозможува на две лица да споделуваат Apple Card, а родителите исто така можат да ја споделуваат својата Apple Card со деца со ограничувања на трошоците и родителска контрола. Оваа одлика е моментално достапна само во САД.
Покрај тоа, опцијата Lost Mode режим во апликацијата Find My, му овозможува на корисникот да остави телефонски број покрај адресата за е-пошта со кој ќе може да се контактира доколку некој го пронајде уредот, а гласовната контрола ви овозможува да го отклучите iPhone преку глас по рестартирање на уредот
Ажурирањето исто така носи решенија за 43 безбедносни проблеми, па вреди да се преземе. Ако ажурирањето не се понуди автоматски, може да се преземе со следење на чекорите за ажурирање на Settings-General-Software update.