LG официјално престанува да произведува мобилни телефони
LG во април објави дека излегува од бизнисот со мобилни телефони и со оглед на фактот дека требаше време да се исклучат операциите, денес е последниот ден за производство на паметни телефони и таблети.
LG ќе продолжи да ги поддржува постојните уреди, а премиум моделите имаат тригодишна софтверска поддршка. Некои модели, вклучително и телефоните од серијата Q, ќе добијат Android 12, додека најновите премиум модели ќе одат чекор понатаму до Android 13.
Фабриката LG Electronics во Виетнам, каде се произведуваат повеќето мобилни телефони на LG, ќе се трансформира во погон за апарати за домаќинство. LG веќе направи транзиција на некои од своите производни капацитети за да ги задржи вработените во фабриката за паметни телефони. Останатите работници од мобилните производни линии ќе добијат нови задачи до крајот на јули.
Фабриката во Хаипонг започна со работа во 2015 година и произведува телевизори и домашни апарати. Сестринските компании LG Innotek и LG Display произведуваат камери и екрани на таа локација.
LG со тоа е на пат да стане најголем производител на апарати за домаќинство, а продажбата во вториот квартал е голема и изнесува 6,3 милијарди долари.