Oppo подготвува телефон на преклоп со 7-инчен екран

Oppo подготвува телефон на преклоп со 7-инчен екран

Големите производители на паметни телефони работат на флип телефони кои ќе се појават на пазарот оваа година, а меѓу нив е и Oppo.

Xiaomi веќе го претстави својот Mi Mix Fold, а кинеските медиуми пишуваат дека на ред е Oppo. Оваа компанија подготвува смартфон што може да се склопи и кој ќе има 7-инчен панел за преклопување одвнатре. Тоа е LTPO екран, кој всушност е OLED панел, но е поекономичен. Ова е токму она што е клучно за ваквите мали уреди.

Новиот Oppo се очекува да биде подолг и поширок од уредите Galaxy Z Flip и Moro Razr, а тоа може да му овозможи да добие батерија помеѓу 3.500 и 4.000 mAh.

Уредот ќе има и секундарен 2-инчен екран однадвор кој ќе прикажува известувања, а можно е да има и некои одлики што ќе го олеснат правењето селфи фотографии.

Сè уште не е познато на кој процесор ќе го работи, какви камери ќе има или кога точно ќе се појави.