Познати големини на екранот на уредите од семејството Galaxy S22, моделот Ultra повторно посебен
Долго ќе чекаме за новите уреди на Samsung од серијата Galaxy S22, но веќе се појавуваат првите детали.
Еден извор вели дека Galaxy S22 ќе има 6.06-инчен екран, S22 Plus ќе добие 6.55-инчен панел, додека моделот Ultra ќе задржи 6.81-инчен екран, додека друг извор тврди дека големините ќе бидат 6.1, 6.5-6.6 и 6.8 инчи.
S22 и S22 Plus се очекува да имаат помали екрани од сегашните модели, а само Ultra ќе има LTPO OLED екран. Ова ќе му овозможи подолг век на траење на батеријата, поголема резолуција и брзина на освежување на екранот.
Информациите од Јужна Кореја велат дека Ultra ќе има позадина од стакло, додека во случајот на S22 Plus и S22 позадината ќе биде пластична. Сепак, поради комплетно новиот начин на обработка на задниот дел, S22 Plus и S22 ќе изгледаат и оставаат врвно чувство исто како да се од стакло.
Samsung се очекува да понуди нов Exynos 2200 процесор со AMD GPU единица заедно со верзија на Snapdragon на Qualcomm на некои пазари.