Samsung Galaxy S22 веројатно е без камера под екранот
Иако првите информации говореа дека претстојниот предводник на Samsung Galaxy S22 ќе има предна камера под екранот, сега изворите тврдат дека нема да биде така.
Причината за одлуката на Samsung е едноставна затоа што компанијата нема време да произведе доволно од овие модели, особено поради фактот што Galaxy S22 ќе биде исклучително популарен и баран. Покрај тоа, квалитетот на сликата, наводно, не ги исполнува стандардите на Samsung, а камерата е малку видлива под екранот.
Сето ова не е изненадувачки. ZTE Axon 20 5G стана првиот паметен телефон со камера под екранот, кој сè уште беше видлив и не даваше импресивен квалитет. Затоа, одлуката на Самсунг да чека решение за проблемот пред да ја инсталира новата технологија има смисла, особено што станува збор за предводници.
Од друга страна, истиот извор тврди дека Samsung Galaxy Z Fold 3 ќе добие ново решение. Со оглед на тоа што се очекува и секундарна селфи камера, споменатата загриженост за квалитетот е помалку значајна. Исто така, се очекува овој модел да биде значително помалку баран од серијата Galaxy S22, така што производството нема да претставува проблем.
Првата совршена камера под екранот е планирана најрано за втората половина на 2022 година, односно за модалот Galaxy Note.