Samsung ќе произведува флексибилни екрани за Google, Vivo и Xiaomi
Samsung успева одлично на тоа поле и до крајот на годината ќе ги објави Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, тоа се два смартфони со флексибилни екрани.
Google, Vivo и Xiaomi најавија дека ќе лансираат паметен телефон со флексибилни екрани до крајот на годината и дека екраните ќе бидат произведени од Samsung.
Samsung Display ќе започне со масовно производство на OLED флексибилни панели наменети за слободниот пазар во октомври, а само три од овие компании ќе можат да ги претстават своите нови телефони до крајот на годината.
Google ќе го претстави својот „Fold“ со 7,6-инчен екран на преклопување, Vivo и неговиот модел ќе имаат 8-инчен екран, додека димензиите на телефонот Xiaomi со флексибилен дисплеј сè уште не се познати.