Трендинг :

„Потсетува на раните денови на Интернетот“; Виртуелните пари се голем дел од иднината на социјалните мрежи

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, им потврди на инвеститорите дека биткоинот ќе биде голем дел од иднината на компанијата.

Дорси гледа многу можности за интегрирање на криптовалутата во постојните производи и услуги на Твитер, вклучувајќи трговија и претплати, но како точно тие виртуелни пари ќе бидат вклучени на неговата платформа не е разјаснето.

Водечкиот човек на Твитер веќе неколку пати јавно ја најавуваше криптовалутата, велејќи дека таа го потсетува на „раните денови на Интернетот“ и дека нема ништо поважно во неговиот живот на кое би сакал да работи.

Дорси, заедно со раперот и инвеститор Џеј Зи, започна фонд за биткоин во вредност од 23,6 милиони долари. Патем, Џеј Зи активно размислува за начини на кои блокчејн технологиите и криптовалутите можат да ја променат музичката индустрија. Притоа, тој ја има целосната поддршка од Дорси.

Џек Дорси исто така истакна дека Твитер нема да биде сам во спроведувањето на крипто стратегијата, истакнувајќи дека Фејсбук ја поддржува дигиталната валута Дием.

За време на пандемијата, Твитер оствари големи профити, забележувајќи го најбрзиот раст на приходите од 2014 година.

Во Европската унија тие се многу повнимателни кога станува збор за виртуелни пари. Директивата предложена од Европскиот парламент во 2018 година е дизајнирана да спречи употреба на финансискиот систем за финансирање на криминални активности и да се зголеми транспарентноста со цел да се спречи перење пари од големи размери. Според овие правила, мора да се знае кој ги поседува виртуелните валути, што ја запира анонимноста на трговијата.

Сопствениците на дигитални валути треба да ја претворат вредноста во евра при купување на европскиот пазар, со што тие пари ќе ги внесат во системот.

Ова не е финансиски совет, претставуваме поглед на моменталната состојба на пазарот. Вие сте одговорни за сопствените инвестиции! Порталот Palavko.com и авторите на статијата не се одговорни, директно или индиректно, за какви било загуби направени во врска со содржината на овој напис.

Instagram сега може да го преведе вашиот "Story" на повеќе од 90 јазици

Социјалната мрежа Инстаграм претстави новитет - превод на кој било странски текст додека разгледувате приказни (Story). Оваа одлика е објавена за корисниците ширум светот.

До денес, моравте да користите алатка за превод за да ги разберете објавите на различни јазици во „Приказни“ од милијарди корисници на Инстаграм. Сега ќе можете да добиете превод на повеќе од 90 јазици директно од апликацијата - иако оваа одлика моментално работи без аудио превод.

https://twitter.com/instagram/status/1417921438418276352?s=20

Тоа е сè уште чекор поблизу до правење на Инстаграм поинклузивен, вели Енгеџ. За да се заобиколи тековната граница на превод, луѓето исто така можат да ја искористат неодамна додадената опција за автоматски превод.

Новата опција е веќе вклучена по ажурирањето на апликацијата. Додека ги гледате објавите, кога апликацијата ќе открие дека гледате "Story" на друг јазик, тоа ќе ви го покаже барањето „Преглед за превод“ во горниот лев агол на апликацијата. Сè што треба да направите е да допрете на маркерот за да го видите текстот на вашиот мајчин јазик.

 

 

Европската унија планира да забрани анонимно тргување со криптовалути

Ако во последниве години користевте банкарски услуги, подигнавте заем, отворивте сметка на компанијата, најверојатно, наидовте на задолжителен прашалник кој ги проверува вашите врски со политиката, тероризмот и можното перење пари. Прашалникот е една од мерките наметнати на банките од страна на Европската унија како дел од заедничката борба против финансискиот криминал, перењето пари и тајното финансирање тероризам. Другите мерки вклучуваат проверка на клиентите, нивниот идентитет, извори на приход и слични активности.

Сега Европската комисија, во новиот пакет закони што се занимаваат со финансиски криминал, предлага опсегот на овие правила за банките да се прошири и на компаниите кои обезбедуваат услуги за трговија со криптовалути. Според новиот предлог за заедничка европска регулатива, берзите и менувачниците за крипто-валути што работат во Европската унија треба да работат во согласност со овие правила.

Само со лични информации
Оваа промена би значела, пред сè, дека сите учесници на крипто пазарот ќе мора да дејствуваат транспарентно и дека давателите на услуги ќе треба да спроведат длабинска анализа на своите клиенти, како што прават банките. Со други зборови, Европската комисија сака да обезбеди целосно следење на сите трансакции со криптовалути, што треба да овозможи да се спречат и детектираат случаите кога тие се користат за перење пари или финансирање тероризам.

https://twitter.com/EU_Commission/status/1417497479193546754?s=20

 

Ова целосно би го забранило анонимното тргување со криптовалути, бидејќи давателите на услуги не смеат да дозволат никој од нивните клиенти да отвора паричник кај нив без да го открие сопствениот идентитет и да им ги обезбеди сите потребни информации.

Европската Комисија се надева дека Европскиот парламент и Советот релативно брзо ќе разговараат и ќе усвојат нови правила, по што земјите-членки на ЕУ ќе треба да ги пренесат во нивните закони.

Ова не е финансиски совет, претставуваме поглед на моменталната состојба на пазарот. Вие сте одговорни за сопствените инвестиции! Порталот Palavko.com и авторите на статијата не се одговорни, директно или индиректно, за какви било загуби направени во врска со содржината на овој напис.

Прегазени со ваљак - една земја вака се реши од нелегалните компјутери за "копање" на биткоин

https://www.youtube.com/watch?v=c_tcg9kOfkg&ab_channel=dayakdaily

Малезиската влада донесе одлука да се ослободи од 1.069 нелегални биткоини на интересен начин.

Компјутерите кои се извор на нелегални 1.069 биткоини завршија неславно - сите беа прегазени од ваљак, според одлуката на малезиската влада.

Според малезискиот „The Star“, осум лица биле уапсени и осудени за кражба на електрична енергија со цел да „ископаат“ 1.069 биткоини.

Полицијата ги конфискувала компјутерите со кои се вршело нелегално „минирање“, а кога тоа ќе се пресмета во украдена електрична енергија тие за три месеци им нанеле штета од дури 2.000.000 долари.

На сите во Светот им е интересна одлуката на малезиската влада која се одлучи да ги прегази компјутери со ваљак, иако имаше илјада други начини да се ослободат од овие компјутери или едноставно да ги искористат за нешто друго.

Ситуацијата околу биткоинот во Малезија не е нова, бидејќи во март еден маж со кражба на струја потрошил 2,2 милиони долари електрична енергија. Тој се уште е во бегство и сè уште не е уапсен.

WhatsApp ќе ја избрише вашата сметка ако ги имате овие апликации!

WhatsApp издаде соопштение во кое ги предупредува корисниците дека нивните сметки ќе бидат избришани доколку имаат инсталирано одредени апликации на нивниот паметен телефон.

Тие прво ќе ја суспендираат вашата сметка, а потоа ќе ви ја испратат последната предупредувачка порака дека ќе ја откажат и избришат вашата сметка засекогаш и дека имаат право на тоа.

Тоа нема да се случи ако го направите она што тие го бараат од вас.

Ако имате WhatsApp Plus, GB WhatsApp или која било друга апликација моделирана според нив што ја копира WhatsApp апликацијата, вашата сметка ќе биде суспендирана, а потоа ќе биде укината доколку не ги избришете ваквите слични апликации.

Користејќи ги овие апликации, вие ги кршите приватноста и безбедносните права на WhatsApp, што ги прифативте кога ја инсталиравте апликацијата наведуваат од компанијата.

Каков Пад: Скоро 100 милијарди долари избришани за еден ден

Според coinmarketcap, околу 98 милијарди долари се избришани од целиот крипто пазар за 24 часа до утрово, пренесува CNBC.

Биткоинот падна за повеќе од 6,0 проценти на 29.800 американски долари, Etherium потона скоро 9,0 проценти, додека XRP се симна скоро за 10 проценти, покажуваат податоците од платформата coindesk.

До пад на Биткоинот дојде по големата распродажба на глобалните берзи.

Од средината на април годинава, кога достигна вредност од скоро 65 000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти.

Постои загриженост за квалитетот и силата на економското закрепнување, што предизвика голема распродажба на глобалните пазари на капитал и пад на вредноста на ризичните средства, објаснува Анабел Хуанг, партнер во компанијата Amber Group за финансиски услуги и тргување со криптовалути.

„Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го спушти крипто пазарот“, додаде таа.

Ова не е финансиски совет, претставуваме поглед на моменталната состојба на пазарот. Вие сте одговорни за сопствените инвестиции! Порталот Palavko.com и авторите на статијата не се одговорни, директно или индиректно, за какви било загуби направени во врска со содржината на овој напис.

 

Конечно познато кога излегува Huawei P50?

Конечно ќе се појави серијата Huawei P50, бидејќи компанијата официјално го потврди датумот на лансирање. Настанот ќе се одржи на 29 јули, каде ќе видиме почеток на нова ера на мобилната фотографија, според Ричард Ју, извршен директор на Huawei.

Досега имаше само гласини за датумот, но благодарение на официјалната страница на компанијата Weibo, знаеме дека оваа објава е навистина официјална потврда за објавувањето на новиот модел. Huawei P50 се најавува дека ќе пристигне со LTE верзија на чипсет Snapdragon 888, но не знаеме ништо за Pro или за можми Pro + уреди од оваа серија.

https://twitter.com/AndroidAuth/status/1417005806747258883?s=20

Очекуваме да се појави со чипсет Kirin 9000 и на крајот да се префрли на SD888 кога ќе се реши проблемот во производството на чипови.

Иако спецификациите во моментов се уште се непознати, уверени сме дека серијата P50 ќе пристигне со HarmonyOS 2.0. Гласините велат дека телефонот ќе се испорачува со брзо полнење од 66W, додека гласините укажуваа на 1-инчен сензор за камера од Sony, како и 1 / 1.18 сензор „за ултра-широк објектив“.

 

Се прашувате дали вашиот телефон е водоотпорен? Еве како можете да го проверите!

Ако некогаш сте се сомневале во водоотпорност на вашиот паметен телефон или од која било причина сте сакале да ја проверите, постои можност да го сторите тоа без ниту една капка вода.

Бесплатната апликација Water Resistance Tester, која може да се преземе од Google Play Store, ја тестира целосната применливост на сертификатот IP67 / IP68 (што гарантира отпорност на вода) со употреба на барометар на самиот телефон.

Апликацијата е лесна за употреба. За тестирањето, треба само да го притиснете екранот малку посилно со два прста и наскоро ќе видите позитивен или негативен резултат, што, судејќи според прегледите на Play Store и Reddit, е доста веродостоен.

Тестирањето на апликацијата, кое беше извршено од уредничкиот персонал на страницата „Android Police“ на телефон Google Pixel 5, покажа позитивни резултати. Сепак, тие се покажаа негативни веднаш штом ќе се отвори местото каде стои СИМ-картичката, што потврди дека апликацијата дава веродостојни резултати.

А, колку е добар овој метод за проверка на отпорноста на вода, докажува и еден коментарот на Reddit, кој го остави сервисер од официјалните услуги на Самсунг, во кој вели дека ја тестираат отпорноста на вода на скоро идентичен начин.

YouTube Shorts, конкурентот на TikTok, е претставен на глобално ниво во повеќе од 100 земји

Конкурентот на TikTok, краткиот видео формат YouTube Shorts, е претставен на глобално ниво, а сега корисниците на YouTube можат да го користат овој нов видео сервис, услугата на компанијата е достапна скоро насекаде во светот.

Услугата YouTube Shorts за првпат беше лансирана во Индија минатата година, пред да се прошири во околу 26 земји, вклучувајќи ги Соединетите држави и Велика Британија. YouTube Shorts кои сè уште се во бета фаза, сега ќе бидат достапни „во повеќе од 100 земји низ светот каде што е достапен и YouTube“.

YouTube Shorts се обидува да го стигне TikTok за да стане првиот избор за корисниците ширум светот кога станува збор за кратки видеа. Сега фокусот за проширувањето на YouTube е токму на видеото „Shorts“ и неодамна ја додаде можноста креаторите на „YouTube Shorts“ да земаат парчиња звук од подолгите видеа на YouTube. Исто така, се наведува дека се испитуваат начини на кои врските од кратките клипови водат до видеа на YouTube од кои се земени делови од музиката во позадината.

Додека YouTube се обидува да го имитира форматот на TikTok, TikTok експериментира со формати што се поблиску до традиционалниот фокус на YouTube. Неодамна TikTok ја зголеми тројно својата максимална должина на видеото до три минути за секого и полека воведува апликации на ТВ-платформите како што се Android TV и Fire TV.

Пицеријата во Париз успешно ја водат роботи

https://www.youtube.com/watch?v=_n4VSik8Qo4&t=2s&ab_channel=euronews

Француската престолнина Париз неодамна стана побогата со уште една нова атракција.

Пицерија Pazzi е отворена во центарот на Париз, а автономните роботи се грижат скоро за сè. Пронаоѓачот и основач Себастијан Риверсо за медиумите изјавија дека проектот го развивал осум години.

На големо задоволство на сопствениците, роботите дури добиваат нарачки на централниот шалтер или преку апликација на мобилните телефони. Откако роботските раце ќе ја завршат работата во кујната, пицата се става во мали прегради од кои луѓето лесно можат да го извадат својот вкусен оброк.

Трикратниот светски шампион во пица, Тиери откри дека тестото е најголемиот проблем при работењето во кујната. Како што поминува времето тестото има различни својства од првиот препарат на основната состојка. Роботите мора самите да ги прилагодат корекциите за да можат да продолжат непречено да работат.

Тој повтори дека пицата е универзално јадење, а роботите се покажаа како голема конкуренција на локалните мајстори за пица.

Британската полиција заплени 294 милиони фунти во криптовалути

Британската полиција има полни раце работа со криминалци кои сè повеќе користат криптовалути за нелегални цели, па по големата истрага, тие запленија вкупно 294 милиони фунти во досега непознати криптовалути.

Имено, првата акција се случи на 24 јуни, кога беа запленети 180 милиони фунти, додека најновите вести за рекордната заплена пристигнаа од седиштето на лондонската полиција овој вторник, каде беше речено дека успеале да запленат уште 114 милиони фунти во криптовалути .

„Додека крипто парите остануваат столб во светот на криминалот, со развојот на дигитални платформи, сè повеќе гледаме дека организирани криминалци користат криптовалути за да ги перат своите валкани пари“, рече Греам МекНолти, заменик-помошник комесар на полициската метропола.

Како дел од оваа истрага, уапсена е и 39-годишна жена осомничена за учество во перење пари, пишува Ројтерс.

„Денешната заплена е уште една важна знаменитост во оваа истрага што ќе продолжи се додека не ги најдеме оние кои беа во центарот на оваа операција за перење пари“, заклучи детективот Џо Рајан.

Илон Маск го претстави новиот автономен дрон-брод на SpaceX

 https://www.youtube.com/watch?v=X6z5idudaM8&ab_channel=VideoFromSpace

Првиот човек на компанијата SpaceX, Илон Маск, преку Твитер го претстави новиот автономен дрон-брод.

Дрон-Бродот наречен е "A Shortfall од Gravitas" или ASOG, а првиот тест беше извршен минатиот петок. Ќе се користи за мисии со ракетите Falcon 9 и Falcon Heavy, кои ќе бидат лансирани од вселенскиот центар Kennedy и вселенската станица Cape Canaveral на Флорида.

За оние кои се прашуваат зошто на SpaceX му требаат три дрон-бродови, одговорот е јасен. Амбициите поврзани со распоредот за лансирање на ракети растат, затоа ќе бидат потребни повеќе активности за „спасување“ на ракетите.

Во мисијата за лансирање на ракета Falcon Heavy, беспилотниот брод мора да плови неколку стотици милји источно од Флорида. Патувањето обично трае од шест до седум дена, а понекогаш и подолго. Покрај тоа, кога бродот се враќа на пристаништето, потребни се помеѓу 24 и 72 часа за да се отстрани ракетата од бродот. Ова значи дека бродот можеби нема да биде достапен за следното лансирање, затоа е потребен и трет.

SpaceX продолжува да инвестира во ракети што може да се користат повеќе пати, што е позитивно во секој случај бидејќи летовите во вселената стануваат поевтини и поодржливи.

12 најдобри пребарувачи за длабоко пребарување и истражување на невидливиот интернет

Нема се што е на Интернет да ви се појави во списокот со резултати од пребарување на Google или Bing. Постојат многу места до кои нивните веб-алатки не можат да пристапат. За да го истражите невидливиот интернет, треба да користите специјални пребарувачи. Ова се нашите најдобри 12 услуги за детално пребарување на Интернет.

Што е невидлив интернет?
Пред да започнеме, ајде да утврдиме на што се однесува терминот „невидлив интернет“. Тоа е едноставно израз за содржина на Интернет што нема да се појави во резултатите од пребарувањето или веб-директориумите.

Официјалните податоци за невидливата мрежа не се достапни, но повеќето експерти се согласуваат дека е неколку пати поголема од онаа што го гледаме. Со самото тоа дека Гугл, Амазон, Мајкрософт и Фејсбук, складираат некаде повеќе од 1.200 петабајти заедно, бројките за невидливата мрежа стануваат зачудувачки. Содржината на невидливата мрежа може грубо да се подели на Deep Web и Dark Web.

Длабока мрежа, длабок интернет или едноставно Deep Web
Deep Web е составена од содржина која обично бара некаква форма на акредитација за пристап. На пример, бази на податоци од библиотеки, поштенски сандачиња за е-пошта, лични записи (финансиски, академски, здравствени и правни), дискови за складирање податоци, интранети на компании, итн. Ако имате точни детали, можете да пристапите до содржината преку обичните веб прелистувачи.

Dark Web

Dark Web е под-дел од Deep Web. Мора да користите наменет Dark Web прелистувач (како што е Tor) за да ја видите содржината. Тој е повеќе анонимен од вообичаениот интернет и затоа често е дом на нелегални активности како што се продажба на дрога и оружје.

Најдобри невидливи веб-прелистувачи

1. Pipl
Pipl се брендира како најголем пребарувач за луѓе во светот. За разлика од Google, Pipl може да комуницира со базите на податоци што можат да се пребаруваат, директориуми на членови, судски датотеки и друга длабока содржина за пребарување на веб, за да ви дадат детална слика за некоја личност.

2. The Wayback Machine

Редовните машини за пребарување даваат резултати само од најновата верзија на веб-страницата што е достапна. The Wayback Machine е различна. Има копии од повеќе од 361 милијарди веб-страници на своите сервери, што ви овозможува да пребарувате содржина што повеќе не е достапна на видливата мрежа.

3. The WWW Virtual Library

The WWW Virtual Library е најстариот каталог на Интернет. Тоа беше започнато од Тим Бернерс-Ли, креаторот на Светската мрежа, уште во 1991 година. Волонтерите рачно составуваат список на врски, создавајќи висококвалитетен индекс на длабока веб содржина во десетици категории.

4. DuckDuckGo

DuckDuckGo е добро познат како приватен прелистувач за видлива мрежа, но дали знаевте дека компанијата исто така нуди веб-страница со порта што ви овозможува да ја истражувате мрежата Dark Web?

Дури и основниот пребарувач нуди подлабока веб содржина од Google. За да пронајдете резултати, тој ги комбинира резултатите од повеќе од 500 самостојни алатки за пребарување.

5. USA.gov

Количината на содржина на USA.gov е навистина импресивна. Тоа е портал за целиот јавен материјал што ви треба за која било федерална агенција и држава, локална или племенска влада. Исто така, ќе најдете информации за државни работни места, заеми, грантови, даноци и многу повеќе. Повеќето информации од страницата нема да се појават на Google.

6. Directory of Open Access Journals

Директориумот списание за отворен пристап е длабок интернет пребарувач кој обезбедува пристап до академски трудови. Делата се достапни за сите бесплатно. Складиштето во моментов има скоро 10.000 списанија со 2,5 милиони статии на сите теми. Google Scholar може да пристапи до некои информации, но сметаме дека DOAJ е подобра алатка за истражување.

7. notEvil Dark Web

Ако барате dark web-прелистувач, погледнетего notEvil Dark Web. Веб-страницата има име на домен .onion, така што не може да се пристапи преку стандарден веб прелистувач. Има база на податоци од повеќе од 32 милиони страници со dark web локации од кои може да се добие материјал, што значи дека доколку постои тоа што го барате, овој пребарувач веројатно може да го најде.

8. Elephind

Elephind се обидува да обезбеди единствен портал за сите светски историски весници. Тоа е фантастичен ресурс за истражувачите - особено за историчари, генеалози и студенти. Многу весници на таа страница се исклучиво на dark web и нема да се појавуваат на Google. Во моментов се достапни околу 3,6 милиони весници.

9. Voice of the Shuttle

За секој што е заинтересиран за хуманистичките науки, Voice of the Shuttle е основен ресурс. Веб-страницата е лансирана во 1994 година и денес може да се пофали со една од најимпресивните колекции на уредувани длабоки веб-содржини. Постојат повеќе од 70 страници со означени врски што опфаќаат сè, од архитектура до филозофија.

10. Ahmia

Ahmia е dark web прелистувач. Tој е еден од ретките dark web-прелистувачи достапни на стандардната мрежа. Сите врски и резултати нема да можат да се отворат ако немате инсталиран прелистувач Tor на вашиот компјутер. Сепак е одличен начин да вкусите што е достапно на dark web без да се изложувате на ризици од користење на dark web.

11. WorldCat

Како да знаете кои книги се достапни во различни локални библиотеки во вашата област? Посета на секоја страница од библиотеките поединечно одзема многу време и потенцијално е склона кон грешки. Наместо тоа, погледнете го WorldCat. Овој длабок веб прелистувач има две милијарди индексирани ставки од библиотеките ширум светот, вклучително и многу врски што обично се достапни само во пребарување во база на податоци.

12. Project Gutenberg

Ако барате бесплатни е-книги без заштитени права на Google, ќе треба да кликнете на неколку страници за да пронајдете врски за преземање. Project Gutenberg нуди над 58.000 бесплатни е-книги што можете да ги прегледате и преземете.

Дознајте повеќе за невидливата мрежа

Дванаесетте пребарувачи што ви ги претставивме треба да обезбедат солидна основа за пребарување на содржина. За жал, еден од најпознатите претражувачи на deep web (Deeppeep) повеќе не постои, но сите други страници во статијата можат да ви помогнат во пребарувањето.

6G мрежата веќе ја најавуват како: „Врската помеѓу реалниот и дигиталниот свет“

Иако 5G беше главна тема во последните 2 години, сега луѓето веќе започнаа да зборуваат за 6G мрежата.

Во Соединетите држави сега целата земја е покриена со новата 5G мрежа. Истотака 5G мрежата се поставува и низ целиот свет и кај ефтините паметни телефони.

Не сме ни почнале да се навикнуваме на 5G, а веќе се зборува за 6G мрежа.

Секоја мрежа трае околу една деценија, па затоа е рано да се очекува дека 6G мрежата ќе се појави набрзо.

Сепак, веќе се зборува и се развива, бидејќи научниците се состанаа на „Мобилниот светски конгрес“ и разговараа за развојот на таа мрежа и за тоа како ќе се одвива.

6G ќе биде далеку побрза од 5G и ќе биде врска помеѓу реалниот и дигиталниот свет, така што вашиот телефон ќе знае сè што се случува околу вас во даден момент, вели Џи директорот на „Qualcomm“ и човек кој има повеќе од 800 патенти под неговото име.

Тој 6G мрежата ја нарече радар и дека чувството ќе биде многу помоќно отколку досега.

Фреквенцијата на 6G мрежата ќе биде 1.000 пати побрза од гигахерци.

Хајнекен представи подвижен фрижидер за пиво

Хајнекен воведе автономен ладилник за пиво (Beer Outdoor Transporter или BOT). Може да се користи на отворено и може да собере до 12 лименки пиво.

Овој мал фрижидер е сличен по дизајнот на роботот WALL-E од истоимениот цртан филм. Најдоброто нешто е тоа што можете да го понесете со вас каде и да одите. Heineken BOT лади многу подобро од Smooth Operator, што Keystone Light го претстави на почетокот на овој месец.

https://www.youtube.com/watch?v=9gnYQsXk58o
BOT ќе биде достапен во ограничено издание. Единствениот начин на кој можете да го купите е да се пријавите на натпреварот Хајнекен кој ќе се одржи денеска.

Иднината пристигна - летечкиот автомобил го изведе првиот меѓуградски лет

Прототип 1 на летачки автомобил AirCar со мотор од БМВ и обично гориво од бензинска пумпа, го изврши првиот меѓуградски 35-минутен лет помеѓу словачките меѓународни аеродроми во Нитра и Братислава.

За разлика од eVTOL (електрични вертикални авиони за полетување и слетување), кои повеќе личат на големи беспилотни летала отколку на вистински автомобили, AirCar е автомобил - и лета.

Ова значи дека може да се користи за два вида транспорт, и на пат како автомобил и како авион.

https://www.youtube.com/watch?v=a2tDOYkFCYo

Ова возило е развиено од компанијата KleinVision и беше претставено за прв пат во 2019 година.

Прототипот 1 AirCar го направи својот прв лет кон крајот на 2020 година и оттогаш имаше 142 успешни слетувања и над 40 часа летање. Последното, 142-то слетување, се случи на 28 јуни по првото 35-минутно патување на далечина од меѓународниот аеродром Нитра до Братислава.

Професорот Стефан Клајн, пронаоѓачот на ова превозно средство и основач на компанијата KleinVision, го возеше возилото во двата режима. Кога слета во Братислава, тој „го претвори“ AirCar назад во автомобил - што вклучува процес на повлекување на крилјата и опашката, што траеше помалку од три минути - и потоа го возеше во градот.

Првиот меѓуградски лет беше извршен со возило „Прототип 1“, кое се напојува со „БМВ“ мотор со 160 коњски сили со фиксиран пропелер, а може да лета со максимална брзина од 190 километри на час.

Во соопштението за печатот од KleinVision се забележува дека прототипот достигна висина од две и пол илјади метри и дека може, под надзор на Управата за цивилно воздухопловство, да изврши стрмни вртења од 45 степени и да помине тестови за стабилност и маневрирање.

Според компанијата, овој вид на превоз ќе го преполови времето на патување од многу едноставна причина. AirCar ќе не однесе до аеродромот, каде што ќе го префрлиме во режим на лет и ќе го продолжиме патувањето.

KleinVision верува дека во иднина AirCar целосно ќе го приватизира воздушниот сообраќај, затоа што секој што ќе го поседува ќе може да вози до најблискиот аеродром и да се издигне на небото.

Како и да е, реално гледано, се чини дека патот кон таквата иднина ќе биде долг и ликвидатен и ќе вклучува сертификати, одобренија и, најверојатно, пилот-дозволи.

Прототипот AirCar 2 ќе биде модел во пред-производство и ќе има мотор со 300 коњски сили. Треба да лета со брзина од 300 километри на час и да има опсег на летање од 1.000 километри.

KleinVision се надева дека ќе може да ги добие потребните сертификати за регистрација на ова возило и како авион и како автомобил.

Компанијата планира да произведе две верзии, со две и четири седишта, а исто така се планира и модел што ќе може да плови, бидејќи единственото нешто што е подобро од автомобилот што може да лета е автомобил што лета и плови.

Размената на податоци помеѓу телефоните станува побрза и многу полесна, без оглед на брендот и моделот

Големите кинески технолошки компании Oppo, Vivo и Xiaomi, односно едни од најголемите брендови во светот на паметните телефони, ги здружија силите пред неколку години за да развијат заеднички безжичен стандардизиран протокол за пренос на содржина MTA (Mutual Transfer Alliance) помеѓу нивните уреди .

Во меѓувреме, OnePlus, Meizu, ZTE, Asus и многу други се приклучија на алијансата. Сепак, најгласно одекнаа најновите вести, дека списокот со најголем удел на глобалниот пазар - Самсунг - тукушто се приклучи на таа листа.

Влегувањето на Самсунг во овој круг ќе овозможи полесна размена на податоци помеѓу паметни телефони од различни брендови, иако нивниота опција Quick Share работи доста добро веќе некое време, но таа не е прифатена и компитабилна со другите брендови.

Влегувањето на Samsung во MTA не значи дека Quick Share ќе исчезне, но дека компатибилноста помеѓу уредите од различни производители значително ќе се зголеми.

Windows 11 е бесплатен - што ви е потребно за него?

Мајкрософт го претстави Windows 11 и тој ќе биде бесплатна надградба на Windows 10.

Многумина се прашуваа дали Windows 11 ќе мора да се плати, а одговорот е дека тоа ќе биде бесплатна надградба.

Мајкрософт го следеше истиот принцип како и за Windows 10, кога на корисниците им беше дозволено бесплатно да гo ажурираат на Windows 7 или 8.

Што ви треба за Windows 11?

64-битен процесор, 4 GB RAM и 64 гигабајти простор на HDD.

Ако ги имате овие 8 апликации на вашиот Android - избришете ги веднаш

Неодамна беше утврдено дека вкупно осум апликации за Android од продавницата Google Play содржат малициозен софтвер Joker. Апликациите, забележани од лабораториите за безбедност на Quick Heal, можат да собираат и крадат податоци од корисниците на паметни телефони со Android систем и да создаваат разни други проблеми.

За среќа, истражувачката фирма привлече внимание кон Гугл, а осум заразени апликации, наводно, биле отстранети од Play Store. Тие повеќе не се достапни за преземање, но самите апликации сè уште претставуваат закана затоа што остануваат на Интернет, но и потенцијално на вашите телефони.

Малициозниот софтвер Јокер може да украде кориснички податоци и дури може тајно да ги пријави корисниците на скапи платени претплати на кои никогаш не се пријавиле. Злонамерениот софтвер може да ви ги украде списоците со контакти, информациите за уредот, пораките и многу повеќе.

Препорачливо е корисниците на паметни телефони со Android систем - вклучително и купувачи на паметни телефони Galaxy - кои ги преземале овие апликации, да го отстранат што е можно поскоро и да извршат скенирање на вирус со употреба на реномирана алатка за антималвер. Инфицирани апликации се:

Auxiliary Message

Fast Magic SMS

Free CamScanner

Super Message

Element Scanner

Go Messages

Travel Wallpapers

Super SMS

Како по правило, сопствениците на паметни телефони со Android систем треба да се држат настрана од непознати апликации кои немаат никаква репутација, особено ако користат апликации за пораки, скенери или тапети, бидејќи овие категории се многу популарни меѓу хакерите и често се користат како екран за малициозен софтвер.

6 нови функции на Android пристигнуваат ова лето на нашите телефони, проверете што ни носат

Гугл, преку објава на блогот на својата компанија, објави нови функции кои, ова лето, ќе станат достапни за сите корисници на Андроид и нема да бидат ограничени само на нивните уреди Pixel.

Системот за сигнали за земјотрес на Андроид ќе стане достапен на глобално ниво. Луѓето во областите погодени од земјотресот ќе можат да добиваат известувања и предупредувања за земјотресите што доаѓаат. Функцијата досега беше достапна за Нов Зеланд и Грција, а сега пристигнува во уште неколку земји.

Пораката ќе може да се обележи во апликацијата Messages со ѕвездичка, за да може полесно да се најде подоцна. Сè што треба да направите е да притиснете и да го држите прстот на пораката долго време, а потоа да ја изберете ѕвездата. Постои и нова категорија „Starred“ во која се сместени пораките со ѕвездички.

Contextual Emoji Kitchen (автоматска препорака за емотикони) пристигнуваат во текот на летото за пораки напишани на англиски, шпански и португалски јазик и на уреди со инсталиран Android 6 или понов.

Google Assistant ќе може да го однесе корисникот на посебна локација во рамките на апликацијата, додека командата „Hey Google, shortcuts“ се користи за целосна листа на можности, пренесува Benchmark.

Гласовниот пристап, во бета фаза, има опција за пристап до преглед, така што е можно да ја стартувате функцијата само со гледање на екранот. Гласовниот пристап исто така овозможува брза и ефикасна навигација на телефонот и апликациите само преку глас. Постојат и подобрени опции за внесување лозинка.

Android Auto сега нуди повеќе опции за прилагодување. Можно е да го прилагодите почетниот екран од телефонот и рачно да го поставите темниот режим. Исто така, полесно е и пребарувањето содржини, а во апликацијата Android Auto е можно да се користат опциите за полнење на електричниот автомобил, паркирање и навигација.

 

Кина ја продолжува војната против рударите на криптовалути

Властите во Сечуан наредија големите капацитети за рударство на криптовалути веднаш да се затворат, што доведе до поголем пад на вредностите на биткоинот на почетокот на оваа недела.

Во последниве месеци, откако процвета пазарот за биткоин и други криптовалути, главната тема во тој свет е односот на Кина кон дигиталните средства и нејзиното рударство. Покрај забраната на трансакциите со криптовалути за сите деловни субјекти и финансиски институции, тие сега започнаа да го „тресат“ крипто пазарот со дополнителни забрани за рударство.

Викендов, властите на кинеската провинција Сечуан забранија работа на големи објекти за ископување на криптовалути. Националната комисија за развој и реформи таму, заедно со Канцеларијата за енергетика, издадоа изјава за забрана за целосно експлоатација на рударството. Во Сечуан имало 26 такви големи погони, а по посетата на надлежните институции им било наредено да престанат со работа најдоцна оваа недела.

Голем пад на цената на биткоинот
Овој радикален потег значи дека околу 90% од сите капацитети за рударство на биткоин во Кина сега се затворени, барем привремено. Имено, слични забрани претходно беа активирани во провинциите Ксинџијанг, Јунан и Кингхај.

Како што се очекуваше, новиот кинески удар врз рударите одекна низ целиот свет и резултираше со пад на вредноста на биткоинот. Најголемата светска криптовалута падна скоро 10% во понеделникот откако беа затворени „рудниците“ во Кина. Во моментот на објавување на оваа вест, биткоинот се тргуваше по цена од околу 32.500 американски долари, што е за половина помалку од април, кога неговата цена беше до 65.000 долари.

Падот на вредноста на биткоинот ги намали цените на другите големи криптовалути, така што водечките во понеделникот изгубија од 5 до 10% од претходната вредност.