Трендинг :

Објавена листата на најубави жени во светот: Џеј Ло и Анџелина Џоли не се ни во ТОП ДЕСЕТ

Кога ќе се постави прашањето: „Која е најубавата жена на светот?“, многумина веднаш би одговориле дека тоа е или Џенифер Лопез или Анџелина Џоли. Сепак, на оваа популарна шпекулација и противречи новата Ранк листа, која не ги ни стави во првите десет, иако претходно тие беа на оваа листа редовно.

Листата на десетте најубави жени во светот ја сочинуваат сосема нови имиња, додека првото место го зазеде актерка која дефинитивно ја одбележа годината зад нас.

Во продолжение ви ја претставуваме листата на најубави жени во светот за 2022 година.

10. Лили Колинс

9. Емили Ратајковски


8. Ема Вотсон


7. Мила Кунис


6. Елизабет Олсен

5. Џесика Алба


4. Ана Де Армас


3. Скарлет Јохансон


2. Гал Гадот


1. Маргот Роби

НАЈДОБРИ БОЖИЌНИ ФИЛМОВИ (2022)

A Christmas Story Christmas (HBO Max)

https://www.youtube.com/watch?v=e0snO6g1tdY&ab_channel=HBOMax

Hollywood Christmas (HBO Max)

https://www.youtube.com/watch?v=UpZXbCbJ6M0&ab_channel=HBOMax

A Christmas Mystery (HBO Max)

https://www.youtube.com/watch?v=lFH9NsV34yI&ab_channel=HBOMax

Falling for Christmas (Netflix)

https://www.youtube.com/watch?v=bsNIJd45jYM&ab_channel=Netflix

I Hate Christmas (Netflix)

https://www.youtube.com/watch?v=TZ5NFlE_wd0&ab_channel=Netflix

Who Killed Santa? A Murderville Murder Mystery (Netflix)

https://www.youtube.com/watch?v=X66T8f1Za5A&ab_channel=NetflixIsAJoke

A storm for Christmas (Netflix)

https://www.youtube.com/watch?v=neYwnVMfN7A&ab_channel=Netflix

The Noel Diary (Netflix)

https://www.youtube.com/watch?v=asH6ny4ILzM&ab_channel=Netflix

Момфа Јуниор има девет години и е најмладиот милијардер во светот

Најмладиот милијардер во светот е Мухамед Авал Мустафа, деветгодишно момче од Нигерија. Овој малечок знае како е да се живее во луксуз бидејќи патува низ светот со приватен авион, поседува неколку вили и скапи автомобили. Тој е инфлуенсер на Инстаграм и има над 110.000 следбеници, а само неколку објави.

Малиот Мухамед е всушност син на мултимилионер и нигериска интернет ѕвезда Исмаил Мустафа, познат како Момфа.

Деветгодишното момче, наречено Момфа Јуниор, ја добило својата прва вила од својот татко кога имал шест години.

- Тоа значи дека после сите подеми и падови имаш каде да одиш... Тоа е место каде никогаш нема да те осудат и секогаш ќе те пречека со раширени раце... Честитки, синко, твојот нов дом. Твојот роденденски подарок од татко ти – напиша тогаш Момфа на социјалните мрежи.

Го срушија и GANGAM STYLE: Ова видео има 10 милијарди прегледи на YouTube!

https://www.youtube.com/watch?v=XqZsoesa55w

Baby Shark, популарна песна за деца, стана првото видео кое има 10 милијарди прегледи на YouTube.

Baby Shark стана најгледаното видео досега на оваа платформа во 2020 година, а песната на Pinkfong сега достигна 10 милијарди прегледи.

Hope Segoine е изведувач на оваа песна, која е популарна во Јужна Кореја од 2016 година.

Во САД стана популарна во 2019 година, а следната година веќе стане апсолутен хит ширум светот. Оттогаш се слуша буквално насекаде. Никој, дури ни авторите, не очекуваа дека ќе биде толку популарена.

Топ 10 најдобри филмови за 2021 година

Најпознатиот филмски сајт ИМДБ објави листа на најпопуларни филмови оваа година. Посетителите на оваа страница ги рангираат сите прегледани филмови по оценки, така што оваа страница не е оценета од професионални филмски критичари.

Во продолжение погледнете како изгледа овогодинешната листа на ИМДБ.

1. „Dune“

https://www.youtube.com/watch?v=8g18jFHCLXk&feature=emb_title

2. "The Suicide Squad"

https://www.youtube.com/watch?v=jz1FrtMIh5c&feature=emb_title&ab_channel=DC

3. "Eternals"

https://www.youtube.com/watch?v=x_me3xsvDgk&ab_channel=MarvelEntertainment

4. "Mortal Kombat"

https://www.youtube.com/watch?v=-BQPKD7eozY&ab_channel=FilmSelect

5. "Zack Snyder's Justice League"

https://www.youtube.com/watch?v=vM-Bja2Gy04&feature=emb_title&ab_channel=HBOMax

6. "Godzilla vs. Kong"

https://www.youtube.com/watch?v=odM92ap8_c0&ab_channel=WarnerBros.Pictures

7. "Black Widow"

https://www.youtube.com/watch?v=ybji16u608U

8. "Army of the Dead"

https://www.youtube.com/watch?v=tI1JGPhYBS8&ab_channel=Netflix

9. "Cruella"

https://www.youtube.com/watch?v=gmRKv7n2If8&ab_channel=WaltDisneyStudios

10. "Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings"

https://www.youtube.com/watch?v=8YjFbMbfXaQ&ab_channel=MarvelEntertainment

Кристина Агилера топлес

Поп ѕвездата Кристина Агилера ги воодушеви своите фанови со серија провокативни фотографии на кои покажа дека е вистинска бомба во 5-тата деценија.

Пејачката, како што многумина мислат, по повод својот 41 роденден, кој беше на 18 декември, сподели жешки кадри со кои многумина потсети зошто важи за една од најпосакуваните жени.

Неодамна ја промени бојата на косата, па извесно време беше црвенокоса, но сега се врати во клубот на русокосите, но промената на фризурата падна во втор план поради топлес сцените.

Да потсетиме, во февруари, луѓето масовно ги коментираа фотографиите на Кристина од базен, каде што беше јасно како изгледа природно и без фотошоп.

Имала повеќе од десет операции: Често ме боли грбот поради тежината на градите

Алегра Кол (52) од Америка призна дека отсекогаш била вљубена во естетската хирургија, како и дека сака да личи на Барбика.

Според нејзините зборови, таа направила голем број пластични операции за да има фигура на песочен часовник. Неколку пати и вбризгувала силикон во градите за да достигне голем волумен.

Алегра беше и на липосукција, го зголеми задникот, вбризгуваше филери во усните и го затегна лицето со ботокс. Сепак, нејзината трансформација сè уште не е завршена, бидејќи се планираат повеќе операции за следните неколку месеци.

Имено, во јануари следната година Алегра планира по шести пат да го зголеми задникот.

Оваа жена во едно интервју открила дека нејзините гради тежат како автомобилска гума по пластична операција и дека нивната големина и пречи при секојдневните активности, како облекување или врзување врвки од патики.

- Често ме боли грбот поради тежината на градите, но не планирам никогаш да ги намалам, ги сакам такви какви што се - заклучила Алегра.

Поранешната Мис Универзум во бело бикини го одзема здивот

Странските медиуми објавија дека поранешната Мис Универзум и модел Оливија Кулпо деновиве се одмара и патува, а нејзините дестинации беа Капри во Италија, Санторини во Грција. Она што сите го забележаа е дека убавицата често ја усогласува прекрасната природна глетка со бикини и со задоволство споделува фотографии на Инстаграм.

Таа има совршено тело и фигура, а тоа повторно го демонстрираше во бело бикини:

Да ве потсетиме, познатото списание „Максим“, чии страници со години беа украсени со убавици, во 2019 година ја прогласи Оливија за најсексапилна жена во светот. Таа, исто така, ја откри тајната на добриот изглед: "Јас целосно ги елиминирав од исхраната јаглехидратите, шеќерите, алкохолот... во основа сите тие интересни работи. Ги сметам кардио вежбите за важни во решавањето на сите наталожени токсини во телото и решавање на дополнителни масти", изјави таа.

Магичен Момент! Китот Белуга со одушевување го слуша виолинистот

https://www.youtube.com/watch?v=MsfKifGisIg&ab_channel=InsideEdition

Виолинист неодамна одлучи да ги забавува китовите белуга во аквариум во американската држава Конектикат.

Ова е доказ дека музиката е универзален јазик, и тоа се однесува и на луѓето и на животните.

Запалена куќата од 2,5 милиони долари на Бијонсе и Џеј Зи

https://www.youtube.com/watch?v=DGyKEs3UyeY&ab_channel=NOLA.com

Според странските медиуми, пожар избувнал во куќа вредна над два милиони долари во Њу Орлеанс, а се верува дека е во сопственост на пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи.

Куќата за време на пожарот била празна, а се верува дека пожарот бил подметнат затоа што полицијата наводно добила пријава за сомнително лице кое било на имотот за време на пожарот, а според полицискиот извештај пожарот избувнал во кујната каде била пронајдена лименка бензин.

- Ако не стигневме таму на време, можеше да биде многу полошо. Станува збор за историска градба - беше речено од противпожарната служба, а 22 лица го изгаснаа пожарот во вилата вредна околу 2,5 милиони долари.

Ниту пејачката ниту раперот засега не се огласуваат.

Никој не ја препознава: Кендал докажа зошто е најскапата манекенка на светот

Во моментов најплатената манекенка на светот, Кендал Џенер, направи фотосесија за шпански "Vogue" која навистина крена прашина.

Имено, многумина беа изненадени од нејзините изданија во кои изгледа дури и непрепознатливо.

 

Една објава на атрактивната Џорџина ги воодушеви пратителите

Џорџина Родригез објави гола фотографија на својот Инстаграм профил. Атрактивната свршеница на Роналдо моментално ужива на годишен одмор со својот партнер, а со тоа таа сака да се пофали и на социјалните мрежи, па често објавува фотографии од луксузна јахта.

„Заглавена сирена“, напишала моделот во описот на сликата.

Патем, поради нејзината врска со еден од најпопуларните фудбалери во светот, Џорџина успеа да создаде бренд од себе и да стане заштитно лице на неколку модни компании.

Парис Хилтон започна кулинарско шоу

Речиси две децении откако се прослави на реалното шоу „Едноставен живот“, Парис Хилтон се враќа на малите екрани со ново шоу на Нетфликс.

Во објавата со која ја најавува новата емисија, Хилтон позира на насловната страница на готвачот во розова вечерна тоалета и соодветни ракавици, држејќи метла во едната рака и мало бело куче во другата.

Во шест епизоди, Хилтон ќе проба нови рецепти и состојки со познати гости, објавија американските медиуми.

Шоуто ќе се емитува на Нетфликс од 4 август.

Охридскиот рокер Александар Јосифовски го освојува регионот со рок-баладата „Иди“

https://www.youtube.com/watch?v=14DXJbl7JWQ

Охриѓанецот Александар Јосифовски ги освои срцата на публиката со своите рок настапи на музичкото натпреварување „Звездите на Гранд“. По кратка пауза, тој се фрли на работата.

Ја промовираше својата прва песна „Иди“, за која напиша музика заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека текстот е дело на Огњен Неделковски.

Неговата прва песна издадена за Гранд-продукцијата е вистинско освежување на регионалната сцена, а бидејќи Александар остана доследен на неговиот стил, неколку коментари гласеа:
„ТИ си иднината на рок-музиката“, „Ти си најдобриот рокер на Балканот“ и „Браво момче, заслужуваш многу повеќе!“

За оваа рок балада, Јосифовски објави и автентично видео во кое се испреплетени приказните за моторџиите, нивните авантури и љубовни врски.

Дејвид Бекам насмеа милиони обожаватели со стари фотографии

Дејвид и Викторија Бекам ја прославија 22-годишнината од бракот, а поранешниот фудбалер се пошегува на Инстаграм со своите фотографии во ист "аутфит".

Гвен Стефани ги објави првите фотографии од венчавката и ја покажа раскошната венчаница

Гвен Стефани оваа сабота се омажи за музичарот Блејк Шелтон, со кого беше во врска шест години, а првите фотографии од нивната венчавка ги објави на својот Инстаграм профил.

-Соновите се остваруваат - напиша таа на прикачените фотографиите.

Нејзината раскошна венчаница привлече внимание, а по церемонијата се пресоблече во друга, пократка венчаница.

Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година кога двајцата учествуваа во американското музичко шоу The Voice, и двајцата се разведоа во исто време од нивните поранешни партнери.

Мадона објави сет од неколку полуголи фотографии

Мадона на Инстаграм објави сет фотографии што ги направи за италијански Vogue.

„Италијанците го прават тоа подобро“, напиша Мадона во описот на објавата, која за краток временски период доби повеќе од 200.000 лајкови.

Пејачката позираше во неколку различни пози во различни модни комбинации. На една од фотографиите таа позираше во црн корсет од латекс без градник, па и се гледаа брадавиците. Имаше црвена перика на главата и цигара во раката.

„Прекрасна си“, „ќе биде тоа жешко издание“, „Колку повеќе старееш, толку си подобра“, напишаа нејзините следбеници во коментарите. Сепак, имаше и такви кои и рекоа дека отишла предалеку со пластичните операциии.

Машкиот магазин ја прогласи за најзгодна на светот, со новата фотографија потврди и зошто е тоа така

Се работи за американската манекенка Оливија Кулпо која на Инстаграм ја следат скоро пет милиони луѓе.

Таа еднаш рече дека "нема смисла да се даваат премногу пари за гардероба. Ако нешто добро ви стои, можете да купите и поевтина варијанта. Но, затоа секогаш се исплати да се дадат повеќе пари за кожна торба и чевли".

Фотографите ја фотографираа во лежерно издание, после тренинг, а фитнесот и здравата исхрана се одговорни за нејзината фигура.

Таа ја освои титулата Мис универзум во 2012 година, а после тоа, започна да гради кариера во светот на модата.

Нејзината просечна плата е 500 000 американски долари, пишува Celebrity Net Worth.

Пред неколку дена, таа објави сексипилна фотографија на Инстаграм и, се разбира, доби неколку комплименти.

 

Најатрактивната жена на светот позираше топлес

Атрактивната Русинка на Инстаграм сподели фотографија од ново снимање на кое позира на плажа само во жолта танга и сандали со високи потпетици. За да не открие премногу, ги покри нејзините голи гради со рацете.

Манекенката Ирина Шајк (35) позираше топлес и повторно покажа зошто е наречена најсексапилна жена на светот.

Фотографијата собра илјадници лајкови за неколку часа, а фановите оставија многу комплименти во нејзините коментари.

Да потсетиме, најпопуларната манекенка неодамна беше уловена на романтичен одмор во Франција со славниот рапер Кание Вест (44).

Гласините за врската започнаа неодамна, со обвинувања дека се гледаат во тајност додека тој се разведува од старлетата Ким Кардашијан (40) по седум години брак.

„Fast 9“ заработи 70 милиони долари во првите два дена од прикажувањето во САД

https://www.youtube.com/watch?v=fEE4RO-_jug

Деветтото продолжение на „Брзи и бесни“ заработи 70 милиони долари за два дена од прикажувањето во Соединетите Американски Држави (САД), пишува „Variety“.

Остварувајќи заработка од 70 милиони долари на првиот викенд од прикажувањето, „Fast 9“ го сруши рекордот за најголема заработка во кино салите од март 2020 година. Овој рекорд досега го држеше филмот „A Quiet Place Part II“ со заработка од 48,3 милиони долари.

Да потсетиме, Вин Дизел претходно потврди дека филмот ќе добие уште две продолженија, кои би можеле да се појават во кината во 2023 и 2024 година. Во режија на нив ќе биде Џастин Лин, кој го режираше деветтиот филм, но и продолженијата „Брзи и бесни: Токио Дрифт“, „Брзи и бесни“, „Брзи пет“ и „Брзи и бесни 6“.

„Деветтото продолжение е првиот филм од последното поглавје, а преостанатите две треба да го завршат ова фантастично патување“, рече Лин.

 

Ед Ширан има нова песна, во спотот се трансформира во вампир

https://www.youtube.com/watch?v=orJSJGHjBLI

Ед Ширан го објави својот нов сингл „Bad Habits“, заедно со придружното музичко видео во режија на Дејв Мејерс. Новата песна пристигнува по долга пауза на пејачот, а 30-годишникот се трансформира во вампир специјално за оваа пригода.

На видеото, Ширан ја презема улогата на вампир, облечен во светло розева јакна и светкава шминка, а приказната ја следи пејачот и уште неколку вампири кои прават хаос во трговскиот центар.

Како што е објавено во соопштението, целото видео служи како метафора за нашите сопствени пороци.