Едукативната серија, во режија на Барак и Мишел Обама почнува да се емитува на 4 јули на Нетфликс
Нетфликс го објави првиот трејлер за „We The People“, претстојната кратка серија што комбинира музика и анимација за да ги научи на граѓанската култура помладите генерации. Вкупно 10 епизоди од серијата ќе се фокусираат на темата граѓански права, со оригинални песни и анимирани кратки текстови.
Трејлерот ги претставува ѕвездите вклучени во претстојната серија, давајќи увид во некои од песните што ќе можеме целосно да ги слушнеме кога „We The People“ ќе започне да се емитува на Денот на независноста на Соединетите Американски држави на 4 јули.
На списокот на уметници вклучени во проектот се H.E.R., Janelle Monáe, Brandi Carlile, Lin-Manuel Miranda, Adam Lambert, Cordae, Bebe Rexha, KYLE, Andra Day и поетесата Amanda Gorman,, но особено се истакнуваат поранешниот претседател на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел кои се најдоа во улога на режисери.
Што се однесува до темите на песните, тие се движат од изборниот систем до данокот, а секоја епизода има за цел да даде директен и едноставен преглед на основните американски граѓански права.
Видеото објавено на ЈуТјуб исто така ни дава прв поглед на анимациите што се користат во серијата. Од разновидните снимки, гледаме како режисерите имаа креативна слобода да ја направат секоја епизода уникатна, со свој стил на анимација што ја рефлектираше различноста на уметниците и темите претставени во серијата.
На списокот режисери се наоѓаат Peter Ramsey, Trisha Gum, Victoria Vincent, Benjy Brooke, Mabel Ye, Tim Rauch, Jorge R. Gutierrez, Daron Nefcy, Everett Downing и Kendra Ryan.
Исто така, серијата има импресивна листа на извршни продуценти, со имиња како Tonia Davis, Priya Swaminathan и Kenya Barris.