„Fast 9“ заработи 70 милиони долари во првите два дена од прикажувањето во САД

Деветтото продолжение на „Брзи и бесни“ заработи 70 милиони долари за два дена од прикажувањето во Соединетите Американски Држави (САД), пишува „Variety“.

Остварувајќи заработка од 70 милиони долари на првиот викенд од прикажувањето, „Fast 9“ го сруши рекордот за најголема заработка во кино салите од март 2020 година. Овој рекорд досега го држеше филмот „A Quiet Place Part II“ со заработка од 48,3 милиони долари.

Да потсетиме, Вин Дизел претходно потврди дека филмот ќе добие уште две продолженија, кои би можеле да се појават во кината во 2023 и 2024 година. Во режија на нив ќе биде Џастин Лин, кој го режираше деветтиот филм, но и продолженијата „Брзи и бесни: Токио Дрифт“, „Брзи и бесни“, „Брзи пет“ и „Брзи и бесни 6“.

„Деветтото продолжение е првиот филм од последното поглавје, а преостанатите две треба да го завршат ова фантастично патување“, рече Лин.