Актерот Jesse Williams по 12 сезони ја напушта серијата „Grey's Anatomy“

Актерот Jesse Williams по 12 сезони ја напушта серијата „Grey's Anatomy“

Jesse Williams, кој го игра ликот на dr. Jackson Avery во серијата „Grey's Anatomy“ наскоро ќе го напушти овој проект. ABC објави дека последен пат ќе се појави на 20 мај во епизодата наречена „Tradition“.

Вилијамс им се заблагодари на Еј-Би-Си, продуцентот Шонда Рајмс, сценаристот Криста Верноф, колегите актери и другите вклучени во целиот процес на снимање.

"Како актер и режисер, имав можност да научам многу. Им се заблагодарувам и на нашите обожаватели. Снимав скоро 300 часа филмски материјал. Неизмерно сум горд на нашата работа и влијание", рече тој.

Верноф го пофали Вилијамс во својата изјава, нарекувајќи го „извонреден уметник и активист“.

"Гледањето на неговиот развој на екранот и надвор од него беше задоволство. Тој заврши извонредна работа. Ќе ни недостасува Jesse, но и Jackson Avery, кој играше совршено толку многу години", изјави таа.

Веста за заминувањето на Вилијамс дојде по враќањето на Сара Дру, која ја играше д-р. Април Кепнер, девојка на Jackson. Таа ја напушти серијата на крајот на 14-та сезона.

Последната емитувана сезона (17-та) главно се фокусираше на пандемијата на коронавирусите.

Нивното кратко враќање ги натера фановите да размислат за снимање на 18-та сезона, што допрва треба да биде потврдено.

Вилијамс за магазинот „Пипл“ во февруари изјави дека не смета дека серијата ќе заврши наскоро.