Бендот Колдплеј ја претстави новата песна на Меѓународната вселенска станица

Бендот Колдплеј ја претстави новата песна на Меѓународната вселенска станица

Бендот Колдплеј го претстави својот нов сингл наречен „Higher Power“, кој премиерно беше прикажан со холограми за време на емитувањето од Меѓународната вселенска станица.

Песната најпрво беше изведена со комуникација преку видео врска со францускиот астронаут Томас Песке.

„Ние ви испративме музика затоа што не можеме да свириме за никого на Земјата во моментот, затоа мислевме дека ќе свириме само за вас“, рече пејачот Крис Мартин пред песната да биде објавена во четвртокот.

„Ова е премиера за целата галаксија“, додаде Мартин, велејќи дека тоа е „обид да се најде астронаут кај сите нас, личност која може да прави неверојатни работи“.

„Вечерта кога сите легнуваат, ги ставам слушалките и пуштам музика и само пловам ... навистина е кул, се чувствувате потполно слободни“, рече Песке.

„Higher Power“ не е првата песна објавена во вселената, а тој рекорд според Гинисовата книга на рекорди го држи Божиќниот класик „Jingle Bells“ што ги забавуваше астронаутите на 16 декември 1965 година.

Други познати песни што се свиреа надвор од Земјата ги вклучуваат „Heartbreak Hotel“ на Елвис Присли и „Space Oddity“ на Дејвид Боуви.

Најновата песна на Колдплеј, наводно, е првиот сингл од нивниот претстоен деветти студиски албум.