Ед Ширан има нова песна, во спотот се трансформира во вампир

Ед Ширан го објави својот нов сингл „Bad Habits“, заедно со придружното музичко видео во режија на Дејв Мејерс. Новата песна пристигнува по долга пауза на пејачот, а 30-годишникот се трансформира во вампир специјално за оваа пригода.

На видеото, Ширан ја презема улогата на вампир, облечен во светло розева јакна и светкава шминка, а приказната ја следи пејачот и уште неколку вампири кои прават хаос во трговскиот центар.

Како што е објавено во соопштението, целото видео служи како метафора за нашите сопствени пороци.