Околу 50.000 луѓе наскоро може да присуствуваат на дводневен музички фестивал во Англија
Организаторите на фестивалот "Glastonbury" веќе некое време најавуваат нови настани како алтернатива на главниот фестивал, кој беше откажан во јануари. Сега се појавија повеќе детали за потенцијалниот дводневен концерт на локацијата на Worthy Farm.
Директорката на фестивалот Емили Евис уште во март објави дека бараат дозвола да одржат уште еден концерт, пишувајќи на Инстаграм: „Сè уште не знаеме дали ќе можеме да го одржиме, но сакавме да се пријавиме за да размислиме“
Доколку добијат дозвола, дводневниот фестивал најверојатно ќе се одржи во септември. Нови детали откриваат дека на концертот може да присуствуваат скоро 50 000 луѓе. Под нормални околности, на фестивалот учествуваат значително поголем број луѓе (околу 200 000).
Како што известува Somerset Live, најавениот концерт ќе се одржи на ливадата „Piramid Stage“, со капацитет ограничен на 49.999 присутни. Шаторите за кампување нема да бидат достапни за употреба сè додека владата не ги олесни мерките против коронавирусот.
Предвидено е Советот на округот Мендип да се состане на 12 мај за да разговара за планираниот настан. Продажбата на билетите е веќе објавена на Инстаграм. Ова се некои од бендовите или изведувачите чии настапи се очекуваат: HAIM, Coldplay, Damon Albarn, Jorja Smith, Kano и други.
Организаторите на фестивалот "Glastonbury" веќе некое време најавуваат нови настани како алтернатива на главниот фестивал, кој беше откажан во јануари. Сега се појавија повеќе детали за потенцијалниот дводневен концерт на локацијата на Worthy Farm. Директорката на фестивалот Емили Евис уште во март објави дека бараат дозвола да одржат уште еден концерт, пишувајќи на Инстаграм: „Сè уште не знаеме дали ќе можеме да го одржиме, но сакавме да се пријавиме за да размислиме“.
Доколку добијат дозвола, дводневниот фестивал најверојатно ќе се одржи во септември. Нови детали откриваат дека на концертот може да присуствуваат скоро 50 000 луѓе. Под нормални околности, на фестивалот учествуваат значително поголем број луѓе (околу 200 000). Како што известува Somerset Live, најавениот концерт ќе се одржи на ливадата „Piramid Stage“, со капацитет ограничен на 49.999 присутни. Шаторите за кампување нема да бидат достапни за употреба сè додека владата не ги олесни мерките против коронавирусот.Предвидено е Советот на округот Мендип да се состане на 12 мај за да разговара за планираниот настан. Продажбата на билетите е веќе објавена на Инстаграм. Ова се некои од бендовите или изведувачите чии настапи се очекуваат: HAIM, Coldplay, Damon Albarn, Jorja Smith, Kano и други.