Кристина Агилера топлес

Фото: Instagram / Screenshot

Поп ѕвездата Кристина Агилера ги воодушеви своите фанови со серија провокативни фотографии на кои покажа дека е вистинска бомба во 5-тата деценија.

Пејачката, како што многумина мислат, по повод својот 41 роденден, кој беше на 18 декември, сподели жешки кадри со кои многумина потсети зошто важи за една од најпосакуваните жени.

Неодамна ја промени бојата на косата, па извесно време беше црвенокоса, но сега се врати во клубот на русокосите, но промената на фризурата падна во втор план поради топлес сцените.

Да потсетиме, во февруари, луѓето масовно ги коментираа фотографиите на Кристина од базен, каде што беше јасно како изгледа природно и без фотошоп.