Охридскиот рокер Александар Јосифовски го освојува регионот со рок-баладата „Иди“
Охриѓанецот Александар Јосифовски ги освои срцата на публиката со своите рок настапи на музичкото натпреварување „Звездите на Гранд“. По кратка пауза, тој се фрли на работата.
Ја промовираше својата прва песна „Иди“, за која напиша музика заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека текстот е дело на Огњен Неделковски.
Неговата прва песна издадена за Гранд-продукцијата е вистинско освежување на регионалната сцена, а бидејќи Александар остана доследен на неговиот стил, неколку коментари гласеа:
„ТИ си иднината на рок-музиката“, „Ти си најдобриот рокер на Балканот“ и „Браво момче, заслужуваш многу повеќе!“
За оваа рок балада, Јосифовски објави и автентично видео во кое се испреплетени приказните за моторџиите, нивните авантури и љубовни врски.