Гвен Стефани ги објави првите фотографии од венчавката и ја покажа раскошната венчаница

Фото: Instagram

Гвен Стефани оваа сабота се омажи за музичарот Блејк Шелтон, со кого беше во врска шест години, а првите фотографии од нивната венчавка ги објави на својот Инстаграм профил.

-Соновите се остваруваат - напиша таа на прикачените фотографиите.

Нејзината раскошна венчаница привлече внимание, а по церемонијата се пресоблече во друга, пократка венчаница.

Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година кога двајцата учествуваа во американското музичко шоу The Voice, и двајцата се разведоа во исто време од нивните поранешни партнери.