Имала повеќе од десет операции: Често ме боли грбот поради тежината на градите

Фото: Instagram

Алегра Кол (52) од Америка призна дека отсекогаш била вљубена во естетската хирургија, како и дека сака да личи на Барбика.

Според нејзините зборови, таа направила голем број пластични операции за да има фигура на песочен часовник. Неколку пати и вбризгувала силикон во градите за да достигне голем волумен.

Алегра беше и на липосукција, го зголеми задникот, вбризгуваше филери во усните и го затегна лицето со ботокс. Сепак, нејзината трансформација сè уште не е завршена, бидејќи се планираат повеќе операции за следните неколку месеци.

Имено, во јануари следната година Алегра планира по шести пат да го зголеми задникот.

Оваа жена во едно интервју открила дека нејзините гради тежат како автомобилска гума по пластична операција и дека нивната големина и пречи при секојдневните активности, како облекување или врзување врвки од патики.

- Често ме боли грбот поради тежината на градите, но не планирам никогаш да ги намалам, ги сакам такви какви што се - заклучила Алегра.