Меган Маркл и принцот Хари имаат ќерка, се вика Лилибет Дајана

Фото: Getty Images

Меган Маркл роди девојче во петокот наутро во Калифорнија и таа и принцот Хари станаа родители по втор пат.

Девојчето го доби името Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатн-Виндзор. Родена е во 23 часот и 40 минути. Мајката и ќерката веќе ја напуштиле болницата и се чувствуваат добро, пишува Би-Би-Си.

Парот истакна дека девојчето го доби името Лилибет по прекарот што кралското семејство и го даде на кралицата Елизабета, нејзината прабаба. Покрај тоа, друго име и оддаде почит на принцезата Дајана, која трагично почина во август 1997 година.

"На 4 јуни ја добивме нашата ќерка Лили. Таа е многу повеќе отколку што можеше да очекуваме, ние сме бескрајно благодарни за целата љубов и молитви од сите делови на светот", рекоа Меган и Хари во соопштението за печатот.

Парот веќе го има синот Арчи, кој е роден на 6 мај 2019 година.

Да потсетиме, неодамна, според британските медиуми, Меган Маркл ги откажала сите обврски поради проблеми во бременоста со второто дете. Откако го загуби своето бебе минатото лето, таа реши да го сведе на минимум ризикот. За среќа, породувањето помина без проблеми и се роди девојче.

Британските медиуми напишаа дека војвотката од Сасекс потешко ја поднесува оваа бременост со несоница, бројни мачнини и главоболки, поради што ги откажала сите свои професионални обврски.

Откако се откажаа од титулата постари членови на кралското семејство, тие се преселија во Калифорнија во март 2020 година и токму тоа отстапување им овозможи да ги чуваат во тајност сите информации за бременоста и семејниот живот.