Момфа Јуниор има девет години и е најмладиот милијардер во светот

Најмладиот милијардер во светот е Мухамед Авал Мустафа, деветгодишно момче од Нигерија. Овој малечок знае како е да се живее во луксуз бидејќи патува низ светот со приватен авион, поседува неколку вили и скапи автомобили. Тој е инфлуенсер на Инстаграм и има над 110.000 следбеници, а само неколку објави.
Малиот Мухамед е всушност син на мултимилионер и нигериска интернет ѕвезда Исмаил Мустафа, познат како Момфа.
Деветгодишното момче, наречено Момфа Јуниор, ја добило својата прва вила од својот татко кога имал шест години.
- Тоа значи дека после сите подеми и падови имаш каде да одиш... Тоа е место каде никогаш нема да те осудат и секогаш ќе те пречека со раширени раце... Честитки, синко, твојот нов дом. Твојот роденденски подарок од татко ти – напиша тогаш Момфа на социјалните мрежи.