Најатрактивната жена на светот позираше топлес
Атрактивната Русинка на Инстаграм сподели фотографија од ново снимање на кое позира на плажа само во жолта танга и сандали со високи потпетици. За да не открие премногу, ги покри нејзините голи гради со рацете.
Манекенката Ирина Шајк (35) позираше топлес и повторно покажа зошто е наречена најсексапилна жена на светот.
Фотографијата собра илјадници лајкови за неколку часа, а фановите оставија многу комплименти во нејзините коментари.
Да потсетиме, најпопуларната манекенка неодамна беше уловена на романтичен одмор во Франција со славниот рапер Кание Вест (44).
Гласините за врската започнаа неодамна, со обвинувања дека се гледаат во тајност додека тој се разведува од старлетата Ким Кардашијан (40) по седум години брак.