Парис Хилтон започна кулинарско шоу

Фото: Instagram / parishilton

Речиси две децении откако се прослави на реалното шоу „Едноставен живот“, Парис Хилтон се враќа на малите екрани со ново шоу на Нетфликс.

Во објавата со која ја најавува новата емисија, Хилтон позира на насловната страница на готвачот во розова вечерна тоалета и соодветни ракавици, држејќи метла во едната рака и мало бело куче во другата.

Во шест епизоди, Хилтон ќе проба нови рецепти и состојки со познати гости, објавија американските медиуми.

Шоуто ќе се емитува на Нетфликс од 4 август.