Поранешната Мис Универзум во бело бикини го одзема здивот

Фото: Instagram / Screenshot

Странските медиуми објавија дека поранешната Мис Универзум и модел Оливија Кулпо деновиве се одмара и патува, а нејзините дестинации беа Капри во Италија, Санторини во Грција. Она што сите го забележаа е дека убавицата често ја усогласува прекрасната природна глетка со бикини и со задоволство споделува фотографии на Инстаграм.

Таа има совршено тело и фигура, а тоа повторно го демонстрираше во бело бикини:

Да ве потсетиме, познатото списание „Максим“, чии страници со години беа украсени со убавици, во 2019 година ја прогласи Оливија за најсексапилна жена во светот. Таа, исто така, ја откри тајната на добриот изглед: "Јас целосно ги елиминирав од исхраната јаглехидратите, шеќерите, алкохолот... во основа сите тие интересни работи. Ги сметам кардио вежбите за важни во решавањето на сите наталожени токсини во телото и решавање на дополнителни масти", изјави таа.