Запалена куќата од 2,5 милиони долари на Бијонсе и Џеј Зи
Според странските медиуми, пожар избувнал во куќа вредна над два милиони долари во Њу Орлеанс, а се верува дека е во сопственост на пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи.
Куќата за време на пожарот била празна, а се верува дека пожарот бил подметнат затоа што полицијата наводно добила пријава за сомнително лице кое било на имотот за време на пожарот, а според полицискиот извештај пожарот избувнал во кујната каде била пронајдена лименка бензин.
- Ако не стигневме таму на време, можеше да биде многу полошо. Станува збор за историска градба - беше речено од противпожарната служба, а 22 лица го изгаснаа пожарот во вилата вредна околу 2,5 милиони долари.
Ниту пејачката ниту раперот засега не се огласуваат.