Популарната пејачка Ријана е во врска со американскиот рапер АСАП Роки, кој и официјално го потврди тоа
АСАП Роки за GQ изјави дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“ и со тоа потврди дека се во врска. Гласините за нивната љубовна врска се појавија уште во 2013 година кога раперот беше со пејачката на нејзината светска турнеја Diamonds World Tour.
"Таа вреди како милиони други. Кога знаеш, тогаш знаеш. Таа е вистинската", додаде раперот.
Од кога се заедно, Ријана и АСАП Роки направија се за да ги избегнат папараците. Раперот рече дека неговата девојка има големо влијание на неговиот нов албум.
Неговото вистинско име е Раким Мајерс, а во 2019 година беше осуден за напад за време на борба во Стокхолм и доби условна казна од две години.
Случајот доби големо внимание кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп интервенираше тврдејќи дека АСАП Роки се однесувал неправедно.