Трендинг :

Тиктокерка сподели едноставен трик: Еве како да ја одмрзнете шофершајбната

Тиктокерка сподели едноставен трик кој за кратко време стана вирален, а се работи за одмрзнување на шофершајбната.

Тиктокерката @saradeutsch сподели трик кој е едноставен и не бара дополнителен напор а луѓето се воодушевени од едноставниот трик.

- Ова видео го правам секоја година. Кога ви е замрзнато шофершајбната, задолжително спуштете ги штитниците за сонце за да го запрете протокот на воздух и побрзо да го стопите мразот – објасни таа и напиша во видеото дека ова е важен совет за сите тинејџери возачи.

Видеото собра 3,7 милиони прегледи и повеќе од 276.000 лајкови, а тиктокерите беа прилично ентузијасти и многумина признаа дека немале поим за едноставниот совет.

@saraedeutsch Teen drivers need to know this! Frozen windshield are about to be a thing with all the cold and snow #winter #buffalosnowstorm #winterweather #snow #teendriver ♬ original sound - Sara Deutsch

Видеото од ова паркирање насмеа многу луѓе

На социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како непознат возач се обидува да паркира автомобил.

Иако на искусниот возач му е јасно дека овде може да се паркира за три секунди, на овој возач му требаше многу повеќе.

https://www.youtube.com/watch?v=VDN1JWe3rAo&ab_channel=JAYFGRINDWAY

Момче се обиде да и „упадне“ на репортерката, но остана разочарано

Едно момче се обидело да и „упадне“ на репортерката, но по една реченица на новинарката останал разочаран.

Новинарката на Фокс, Жаклин Матер, на својот Твитер профил објави видео кое брзо стана хит на социјалните мрежи. Имено, за време на снимањето на прилогот на улица, во еден момент зад новинарката се појави момче кое почна да вреска на сет глас мислејќи дека ќе биде на телевизија.

 

Избриша 20 години од нејзиното лице за само неколку минути: 78-годишна баба покажа неверојатен трик!

https://www.youtube.com/watch?v=3dLZZf03YAo

Иако стареењето е сосема природен процес, постојат различни начини малку да се прикријат годините. Во тоа може да ви помогне оваа 78-годишна баба која целосно се трансформира со шминка.

Џоан Хопкинс е мајка на познатиот шминкер Кристофер и покажа како правилното користење на шминка може да подмлади дури и личност која е длабоко во осмата деценија. Погледнете ја оваа неверојатна трансформација.

Италија за свадба во Рим на паровите ќе им плаќа 2.000 евра

Регионот во централна Италија им нуди на паровите грант од 2.000 евра за организирање свадби во областа во обид да го зајакне бизнисот со угостителските објекти и локалниот сектор за свадби по пандемијата.

Регионот Лацио, кој го вклучува главниот град на Рим, е вториот најнаселен регион во Италија.

Според иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за поврат до 2.000 евра на италијанските и странските парови кога купуваат услуги или производи од локални угостители, планери за свадби, цвеќари или компании за планирање венчавки.

Сите свадби одржани помеѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе имаат право грант.

Грантот може да ги покрие и трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбена забава.

Официјалната веб-страница на регионот вели дека се надева дека грантовите ќе го поттикнат бизнисот во областа и ќе им помогнат на локалните добавувачи да се опорават од економските последици од пандемијата „Ковид-19“.

Италија има една од највисоките стапки на смртност од Ковид во светот и е една од првите земји што воведе карантин.

Чешки мултимилионер возел со 417 km/h на автопат во Германија: Се пофалил и на YouTube

https://www.youtube.com/watch?v=7pg1hhW5qhM&ab_channel=RadimPasser

Германската полиција покрена истрага против чешкиот мултимилионер Радим Пасер, кој со своето „Бугати“ возел 417 километри на час по германскиот автопат и со тоа се фалел на Јутјуб, објавија локалните медиуми.

Иако на германските автопати нема ограничување на брзината, трките се забранети, како и таканаречената единечна трка.

Според германските закони и т.н. единечна трка е забранета доколку возачот „со неприлагодена брзина, грубо ги прекршува правилата и несовесно вози со цел да постигне најголема можна брзина“, соопшти полицијата во Магдебург.

На видеото, кое чешкиот градежен претприемач Радим Пасер го објави на својот канал на Јутјуб, се гледа движењето на спортскиот автомобил „Бугати Широн“ на германскиот автопат А2 од Берлин до Хановер и достигнува брзина до 417 километри на час.

Станува збор за „неодговорно и опасно возење“, иако нема никакви ограничувања.

- На возачот му е дозволено да се движи со брзината со која е возможно да се вози автомобилот - пишува во соопштението на полицијата.

Радим Пасер се збогатил на пазарот на недвижности и според чешкото издание на магазинот Форбс е „тежок“ околу 305 милиони долари.

РАБОТА ОД ДОМА - Најбарани работни места кои можат да се вршат од дома

Работата од дома доживеа голема експанзија во изминатите 2 години, поради пандемијата со вирусот COVID-19, бидејќи многу компании, особено за време на карантините, беа принудени да ја намалат или прекинат канцелариската работа на одредено време.

Како што многумина ги видоа придобивките од овој начин на работа - флексибилно работно време, повеќе квалитетно време поминато со семејството, подобра организација на работата итн., сè повеќе луѓе избираат да работат со полно работно време од дома.

Добрата вест е што компаниите исто така ги видоа придобивките од работа од дома, така што понудата за работа никогаш не била поразновидна.

Споделуваме со вас некои од најдобрите работи што може да се работат од дома. За некои не ви треба дополнително знаење, додека за некои е потребна дополнителен курс.

Дизајнер
Покрај графичките дизајнери, кои се занимаваат со дизајнирање и креирање дизајни за различни медиуми - илустрации, брошури, логоа, банери итн. Сè повеќе се бараат веб-дизајнери кои се вклучени во подготовка на планови за дизајн и структури на веб-страници. Доколку сакате да се занимавате со оваа креативна работа, но ги немате потребните вештини, постојат бројни туторијали и курсеви за оваа професија, со чија помош можете да станете квалификувани за оваа работа за неколку месеци.

Техничка поддршка
Операторите на кол-центри исто така не мора да работат исклучиво во канцеларии, а доколку сте комуникативни, оваа работа може да биде добар избор. Самата работа не мора да бара од вас да зборувате цел ден, комуникацијата може да се прави и преку е-пошта. Честопати не ви требаат никакви технички вештини, а доколку ви требаат, самите компании нудат обука и курсеви за вработените.

Маркетинг Менаџер
Дигиталниот маркетинг ја отвори вратата за многу работни места кои можат да се вршат од дома - маркетинг на социјални мрежи, маркетинг преку е-пошта, SEO, Google Ads, за кои можете да стекнете знаење преку обуки и курсеви за дигитален маркетинг. Дополнително, доколку имате дарба за пишување, можете да пишувате написи за блогови, ПР текстови, дизајн за маркетинг кампањи итн.

Онлајн предавач по странски јазици
Овие работни места се позастапени кај нас во претходните години, а може да се вршат како дополнителна работа, бидејќи вие избирате колку часови сакате да држите. Најчести работни места се наставата по англиски јазик, а за работата треба да го знаете јазикот на ниво C1 или B2, или да имате TEFL сертификат.

Преведувач
Слично на работата наставник по странски јазици, и оваа работа бара добро познавање на јазикот, а покрај англискиот, потребни се германски, кинески, турски итн.

Програмер
Работата на програмер е желба на многумина, поради сите поволности што ги нуди, а самите позиции се разновидни: изработка на веб-страници, развој на мобилни апликации и разновиден софтвер, тестирање на софтвер итн. Доколку не сте завршиле факултет за компјутерски науки и програмирање, постојат школи за програмирање, курсеви и интензивни bootcamp-ови каде што можете да стекнете знаење за да ја започнете оваа добро платена работа за 6-12 месеци.

Феноменални идеи за новогодишно украсување

Дефинитивно е време да започнете со новогодишно уредување на вашиот дом, ако веќе не сте го направиле тоа.

Празничните украси не само што им носат среќа на најмладите, туку и ги поврзуваат постарите со некои стари и безгрижни времиња.

Доколку размислувате како да го уредите домот за претстојните празници, а ви здосадиле старите украси, ви предлагаме сами да си направите нови.

Не само што ова е прилично едноставно и евтино, туку ќе биде вистинска семејна забава во која ќе уживате со вашите деца.

Се што ви треба, веќе имате дома. Картон, хартија, лепило и ножици се основа за понатамошна работа.

Предлозите кои ќе ги видите во видеото што следи се прилично едноставни и нема да ви треба многу време за нив, а ефектот што ќе го постигнете со нив секако ќе остане во сеќавање на сите што ќе го посетат вашиот дом.

https://www.youtube.com/watch?v=GHjO0qbTAoU&ab_channel=Littlecraftslover

Сите ќе ви завидуаваат доколку и вие вака го спакувате вашиот ПОКЛОН ​​- елегантно, и многу ЛЕСНО

Обично кога добиваме подарок не внимаваме доволно на пакувањето, па така хартијата веднаш ја кинеме за да дојдеме до главниот дел. Но, изгледот на подарокот и личната порака што оди со него ќе ги воодушеви сите што ќе го добијат вашиот подарок спакуван на примамлив начин на кој секој ќе обрне внимание.
Погледнете во следните видеа за што станува збор и како и вие да направите примамливо пакување за вашиот поклон.

25 идеи за украсување новогодишна елка

Ви претставуваме неколку идеи за украсување на новогодишна елка која ќе се вклопи во вашиот домашен амбиент.

40 кул идеи за да го направите овој Божиќ незаборавен

https://www.youtube.com/watch?v=v4oVV2smGes&ab_channel=5-MinuteDECOR

Сцена на небото која ќе ве остави без здив! Ова е вселенски спектакл!

https://www.youtube.com/watch?v=pF6IX3KDOuo&ab_channel=NightLightsFilms-AdrienMauduit

Сликите и видеата од метеорскиот дожд „Геминида“ се споделуваат низ светот откако го достигна својот врв ноќта помеѓу 13 и 14 декември.

Со заби повлекол тенк тежок 40 тони

https://www.youtube.com/watch?v=wPKW38R7X1g&ab_channel=amagyarhonvedseg

Атлетичарот од Унгарија, Золт Синка, со заби влечел тенк Т-72 тежок над 40 тони.

Овој настан беше организиран во касарната на 25-та бригада Ѓерѓ Клапка опремена со тенкови Т-72 и Леопард 2А4ХУ, а предизвикот кој беше пред спортистот беше пренесуван во живо на телевизија.

За потсетување, Золт во 2013 година со заби влечеше авион тежок 50 тони околу аеродромот.

Погледнете како 'домаќинката' ги мие садовите на море

Погледнете како 'домаќинката' ги мие садовите на море

На социјалните мрежи се појави видео кое го постави славен Тик Токер од неговото летување.

Имено, тој ја снима својата девојка како фрла валкани садови во морето наместо да ги мие, така што предизвика многу негативни коментари.

https://twitter.com/RRocic/status/1424496762358743042?s=20

- Среќна е таа куќа што оваа ќе ја заобиколи - пишуваат во коментарите.

- Ова е срам за жена, идна мајка / сопруга, - ова е уште еден во низата коментари.

- Зошто делиме воздух со вакви сличности ?????? - се запраша еден корисник.

Куќата во Лондон изгледа како колиба и чини 750.000 фунти

Куќа во Лондон која однадвор изгледа како колиба е всушност нешто сосема друго.

Кога се гледа од улица, куќата изгледа како мала сива колиба, но нејзината внатрешност крие големо изненадување што ја „оправдува“ нејзината цена од 750.000 фунти.

Внатре има многу повеќе простор отколку што се очекуваше, а има и „скриен“ долен кат.

На тој кат има отворена кујна со трпезарија, дневна соба, додека скалите водат до две спални соби и две бањи, како и просторија за складирање. Зад куќата има мала патека што претставува дополнителен простор.

Куќата се наоѓа на северот од Лондон, а нејзината површина е 73 квадратни метри.

Јавниот превоз е многу близу, како и продавниците, рестораните и паркот Clissold.

Дали пивото не прави попаметни?

Една неодамнешна студија од Универзитетот во Илиноис покажа дека конзумација на пиво може да ги направи луѓето попаметни, особено кога станува збор за креативно решавање проблеми.

Во истражувањето учествувале 40 мажи на возраст од 21 до 30 години. Половина од групата пиеле по две кригли (околу 0,56 л) пиво, додека другите учесници не консумирале алкохол. Сите тие мораа да решат серија задачи со асоциации (им беа дадени збир на зборови со кои требаше да предложат збор што се вклопува во тој сет).

Резултатот?

Групата што консумирала пиво решавала 40% повеќе задачи отколку нивните трезни колеги, а исто така им требало помалку време за да ги решат задачите! Од друга страна, испитаниците кои конзумирале пиво и подобро решавале креативни задачи имале полоши резултати на тестовите за меморија.

Нашиот мозок може да работи толку брзо како и најбавната мозочна клетка. Исто така, знаеме дека прекумерната конзумација на алкохол ги убива мозочните клетки. Но, природно е дека алкохолот прво убива бавни и слаби мозочни клетки. На овој начин, редовното конзумирање пиво ги елиминира најбавните мозочни клетки, и го прави мозокот побрза и поефикасна машина.

Мештаните од ова село забележаа неверојатна глетка, одеднаш се појави зелена светлина

Жителите на Измир, Турција, забележаа зелен блиц на небото.

Се уште нема официјално соопштение за овој феномен, а очевидци се прашуваат дали станува збор за метеорит, парче вселенски отпад или НЛО.

https://twitter.com/MYhcnup/status/1421402503648710656?s=20

Е ова се гејмери! Никој не се грижи за поплавата - Играта мора да заврши

Монсунските дождови и силниот ветер на Филипините предизвикаа големи проблеми, близу 25 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплави и лизгање на земјиштето, но овие деца не ни помислија да ја прекинат играта.

Тие останаа безгрижни седејќи во водата од половината и играјќи видео игри, и покрај тоа што беа опкружени со бројни кабли. Им се закануваше катастрофа, сопственикот на тоа интернет кафе се обиде да ги избрка, но друштвото одлучи да ги заврши започнатите онлајн игри по цена на нивниот живот.

Сцената е снимена во четвртокот во Кајнт, недалеку од Манила, а сопственикот на играчницата, Сио Самсон, потврди дека децата се живи и здрави.

- Кога водата почна да надоаѓа, се што беше поврзано со електрична енергија беше подигнато на ѕидовите. Како и да е, ги молев да престанат да играат и да си одат дома, но тие го сторија тоа откако ги завршија битките што ги водеа во дигиталниот свет - рече тој.

https://twitter.com/pijiguaosaguila/status/1420402082906054656?s=20

Овчар од Турција стана хит на Интернет: Неговите кози имаат необични „фризури“

https://www.youtube.com/watch?v=Cf-1E4LSohU&ab_channel=CatersClips

Овчар од малото село во Турција, Киркавака, стана ѕвезда на социјалните мрежи.

Неговиот извонреден талент, заедно со грижата за стадото, е главната причина за ова.

Тој одлучи да ги искористи своите „фризерски“ вештини за да направи фризури за кози.

Конзолата PlayStation 5 е продадена во повеќе од 10 милиони примероци ширум светот

Sony Interactive Entertainment објави дека има продадено повеќе од десет милиони PlayStation 5 конзоли ширум светот, што ја прави најпродаваната конзола во историјата на Sony.

Повеќе од десет милиони конзоли на Плејстејшн 5 се продадени до 18 јули годинава, што е голем успех за Сони, кој и покрај пандемијата и проблемите со поголема дистрибуција низ целиот свет, постигна вакви резултати.

Новиот начин на играчко искуство низ целиот свет досега го испробаа повеќе од десет милиони сопственици на PlayStation 5, а во следните месеци ќе имаат бројни игри од студијата на PlayStation како што се: God Of War, Gran Turismo, Horizon Forbidden West и многу други игри во соработка со други партнери како што се Battlefield 2042, DEATHLOOP, Far Cry 6 и Ken: Bridge of Spirits.

"Ние сме неверојатно благодарни на нашите обожаватели за одличното прифаќање на конзолата PlayStation 5 и нашето растечко портфолио на забава за игри. Без нивната поддршка и доверба, овој успех немаше да биде возможен. Ние постојано напредуваме со тимот и сакаме да овозможиме достапност на конзолите ширум светот и го чекаме денот кога сите кои сакаат PlayStation 5 да може да го купат многу лесно “, велат од SIE.